VITA RES

from

RESEN

(processing of fruits & vegetables, production of concentrates, purees, and frozen apple cubes)

+38975421259

arrow&v
Македонија

Димче Дамјановски: Инвестициите во иновативна технологија се единствениот начин да се зголеми млекопроизводството во земјава!

Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем веќе три години во земјава се работи на модернизација на фармите во три сегменти од нивната работа.

Cyber Green Market News

Преминот од традиционално кон модерно производство на млеко во Македонија и искористувањето на иновативните технологии за зголемување на количините и квалитетот на продуктите се неопходен услов за конкуретен настап на пазарот, како за фармерите, така и за компаниите кои произведуваат преработки од млеко. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем веќе три години во земјава се работи на модернизација на фармите во три сегменти од нивната работа. За промените на македонските фарми и за очекуваните резултати разговараме со Димче Дамјановски, експерт за агробизнис.

Г-дин Дамјановски, каков е вашиот впечаток. Внесуваат ли македонските производители иновации во производството на храна?

За жал, немаме доволно информации од терен за производство на било која храна, кои ќе може да ни послужат за да се интервенира стратешки. Кај нас секоја компанија индивидуално одбира начин на производство кое го усмерува според условите кои ги има. Конкретно, во млечната индустрија тоа се приватни компании кои имаат ресурси за производство на млечни производи, а проблемот се јавува во производството на примарната суровина, млекото. За да имаме добар финален производ, првенствено мора суровината да задоволува високи стандарди. Млекопроизводството ни е на завидно ниво, бидејќи се работи на традиционален начин на одгледување на кравите и квалитетот на млекото е на многу пониско ниво од тој во европските држави. Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во соработка со млекарите работи токму на унапредување на примарното производство на суровините кои ќе обезбедат квалитетен и конкурентен производ, препознатлив на пазарот.

Во Македонија e мал бројот на модерни фарми со современо менаџирање и производство на продукт ослободен од ризици. Во земјата има околу 90.000 сточарски фарми од кои само осум отсто имаат над десет крави, што економски е многу малку за да обезбедат приход и достоен живот на сточарите. Заради тоа тие немаат економски бенефит да инвестираат во своите фарми, ниту пак тоа ќе им донесе некаква разлика.

Што е можното решение. Како во вакви услови да се внесат повеќе технологија и иновации во производството, кога се соочуваме со ваква слика на терен?

Првенствено треба да се окрупнат фармите и да се зголемат нивните капацитети. Проектот соработува со фарми со средна големина, со повеќе од 30 крави, со кои работи на нивно унапредување, особено во обезбедувањето на благосостојба на животните. Оваа транзиција кога се случуваше во Словенија, на пример, започна со 500 земјоделски стопанства кои чувале крави, а сега имаат 100 такви стопанства. Истиот пат во кој од голем број микростопанства се креираат поголеми, ја имаат изминато и другите држави во регионот. Во Македонија, пак, сме на раскрсница, на која државата треба стратешки да настапи и да ги започне реформите во тој правец. Нашата интервенција е да ги подобриме тие клучни состојби во земјоделските стопанства, да им помогнеме во делот на технологијата во исхраната, молзењето и изѓубрувањето, за да можат и тие самите да ги увидат и да ги воведат новините кои ќе им донесат многу предности.

Дали тој процес е лесен кај нас, имате ли разбирање и поддршка од фармерите?

Најчесто новините се прифаќаат откако веќе дале резултати на некоја друга фарма и производителите тоа можат јасно да го видат, по примерот, види како е кај комшијата. Работиме веќе три години во Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Источниот регион, каде што фармерите се повеќе ги увидуваат предностите на воведување технологии во производството. Настојуваме да го смениме начинот на измолзување од рачно во машинско со затворен систем, во кој автоматски и ќе се чисти и опремата. Исто така, помагаме за дефинирање на балансирана исхрана на стоката, набавивме опрема за мерење на квалитетот на храната и им помагаме да го состават избалансираниот оброк за кравите кое ќе обезбеди максимани количини млеко. Во делот за манипулација со ѓубрето исто така има модерни решенија кои ќе им заштедат многу време и труд на фармерите.

Кои фарми во земјава можат да си дозволат ваков тип на инвестиции?

Според нашите анализи за комплетно менување на начинот на одгледување на стока од врзан во слободен систем една фарма треба да има најмалку триесетина крави и дневно производство од 500 до 600 литри млеко, што ќе и овозможи да реинвестира во објектот, а во следните неколку години да има некаква гаранција дека ќе има можност да инвестира и во други области.

Дали има некои конкретни резултати во производството кај фармите каде што во изминатите години во рамките на Проектот беа воведени иновативни технологии?

Онаму каде што е заменет традиционалниот систем на производство на млеко успеавме да го намалиме времето на измолзување од два до три часа дневно на час до час и половина, во кој влегува и времето за миење на опремата која автоматски се чисти. Тоа допринесува за редуцирање на работната сила и физичката работа се сведува само на преместување на системите од крава на крава. Покрај тоа, се добива и поефикасно измолзување и по пет отсто повеќе млеко од секоја крава и од 50 до 70 отсто поквалитетно млеко, што на овие фармери им го осигурува пласманиот и во иднина, кога европските правилници за квалитет ќе важат и кај нас.

Кој е следниот чекор за фармерите кои инвестираат во технологии и иновации на своите фарми?

Производителите се веќе испровоцирани од промените на фармите кои се иницирани од Проектот, па размислуваат како да го променат традиционалното врзано во слободно одгледување. Тоа значи изградба на нови штали, а за тоа мора да обезбедат земјиште. ИПАРД програмата ги поддржува овој тип на инвестиции, но институционално е закочен процесот на добивање на овие дозволи. Затоа некои од нив самостојно инвестираат во нови фарми. Досега има околу 40 интервенции директно на фарма, а десетина размислуваат за изградба на нови фарми, бидејќи ги увидоа предностите на пуштениот систем на одгледување, заштедата на време и труд и се охрабруваат да инвестираат.

Конкретната цел на Проектот е да го подобри млекопроизводството во земјата преку покажување на конкретни резултати кои докажуваат како може да функционира технологијата на терен и да може понатаму да се реплицира. Проектот и млекарите коинвестираат во фармите со што се подигнува квалитетот на целиот синџир на производство. Инвестициите се насочени кон земјоделците кои имаат капацитет и желба да останат во производството на млеко и во иднина и самите да продолжат да се развиваат.

Кое е вашето мислење генерално за иднината на производството на храна од аспект на воведување на иновации и нови технологии?

Неизбежно е дека ќе се случи трансформација на начинот на одгледување на крави од врзан во пуштен систем. Сепак тоа оди бавно, а главна причина не се толку финансиите колку што е недовербата кај производителите и немањето стратегија на институциите. Со нашата интервенција, сепак, работите почнуваат да се движат, но потребна е и стратегија која ќе го насочи патот на производството кое сега се наоѓа на крстопат помеѓу традиционалното и модерното. Потребно е окрупнување на малите земјоделски стопанства во солидни и конкурентни, кои ќе можат да применуваат светски технологии. На пример, Израел се наоѓа во пустина, а произведува 12.000 литри млеко од крава годишно. Ние, пак во земја со континентална клима каде што има огромни ресурси и добри услови за производство на храна, произведуваме само 2.500 литри(Државен завод за статистика). Со добрите земјоделски практики кои ги воведуваме преку Проектот бројката расте меѓу 6.000 и 9.000 литри годишно, но и понатаму сме далеку од израелски бројки, што се резултат само на примената на технологијата.

Димче Дамјановски: Инвестициите во иновативна технологија се единствениот начин да се зголеми млекопроизводството во земјава!

Македонија

Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем веќе три години во земјава се работи на модернизација на фармите во три сегменти од нивната работа.

За неколку месеци регистрирани 16 семејни винарии

Македонија

Расте бројот на регистрирани семејни винарии во Тиквешкиот регион

Икра од пастрмки карантински ќе се чува во рибникот Дошница

Македонија

Во рибникот Дошница ќе се спроведува карантин за оплодена икра од пастрмки за да се одгледаат и на пазарот да се пласираат риби кои ги исполнуваат највисоките стандарди за здравствена заштита

По искоренувањето на „свинската чума“, операторите ќе може да извезуваат во ЕУ

Македонија

Според минатогодишниот попис на свињарските фарми, евидентирани се вкупно 3.790 одгледувалишта со 133.400 свињи.

Виолета Николова: Македонската иновација PURECLOUD ќе им помогне на инспекторите директно на терен да ја мерат загаденоста на воздухот

Македонија

Системот може да има примена и во многу стопански дејности каде квалитетот на воздухот е многу важен, како на пример еколошко производство на храна и пијалоци; како и поголеми индустриски капацитети кои треба да и возвратат на околината со соодветна грижа и квалитет на воздухот, вели Николова

За изградба и рехабилитација на патната мрежа во кривопаланечко -87 милиони евра

Македонија

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски истакна дека преку Програмата за рурален развој Крива Паланка реализираше четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, од кои три самостојни проекти на општината и еден во партнерство со Центарот за развој на Североисточниот регион.

Жителите од Долна Преспа ќе бидат обесштетени за лансокото невреме

Македонија

Општина Ресен, во рок од еден месец ќе изврши обесштетувањето на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски

© 2019 Cyber Green Market LLC