
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Поради ниските температури, неповолна агрометеоролошка прогноза
Разладувањето на атмосферата не им оди во прилог на градинарските култури кои се одгледуваат на отворено, тутунот и пчелините семејства, предупредуваат агрометеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, во анализата за следната недела

Разладувањето на атмосферата, подпросечните дневни температури и малите врнежи од дожд беа главна одлика и клучна причина за забавување на процесите кај земјоделските култури во изминатата седмица.

Таквото време за жал ќе продолжи и во текот на наредниот период, со поголеми услови за нестабилност особено попладне, кои можат да предизвикаат и појава на град и да причинат штети кај земјоделските култури.
Ваквото разладување не е погодно за расадените култури на отворено од областа на градинарството и кај тутунопроизводството, но и кај оризопроизводството каде повисоки температури се потребни за непречено поникнување на оризот.
Вакви временски услови во овој период на интензивен развој на пчелните семејства, исто така не им одат во прилог и кај нив ќе се забележи застој, токму поради подолгиот период со вакви неповолни временски и температурни услови.
Б.А.Н.
