VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Колумна

Шеќерна приказна

Шеќерот има историја долга 2.300 години, на него со векови се заработува богатство, а пред стотина години се појави сахаринот – “ѓаволска работа” 300 пати послатка од шеќерот, а не е шеќер! Оттогаш и трае војната меѓу нив - шеќерот и сахаринот, преполна со сплетки, интриги и научни докази

Желбата и зависноста од слаткото старите народи ја задоволувале со мед, сок од шеќерна трска и од црн јавор, а ретките привилегирани и со шеќер. Имено, Индијците со некоја своја таинствена технологија знаеле да произведат шеќер уште 300 години пред Христа. Во 10 век Египет почнува со производство на шеќер, а подоцна и Кипар. Во арапската кујна се пронајдени безброј рецепти за правење на колачи и слатки со шеќер, па гостите од Европа не ретко бидувале зачудени и пријатно изненадени од понуденото мени. Посебно воодушевување предизвикувале засладените пијалаци во време кога на Стариот континент одвај знаеле за шеќерот и кога тој се користел исклучиво во медицински цели.
Многу подоцна по откривањето на Америка во 1492 година, кога во Европа стигнале многу дотогаш непознати земјоделски култури како тутунот, пченката, компирот..., во обратна насока отпатувала шеќерната трска, која го фатила коренот во Бразил, освојувајќи ги и почвата и луѓето. Набрзо оваа слатка трговија прераснала во економска идила, а државните благајни се повеќе се полнеле. Целата работа ја нарушило едно ново откритие: во 1878 година сосема случајно е пронајдена хемиска материја 300 пати послатка од шеќерот – сахаринот! Војната може да почне.

Најгласните противници против “оваа ѓаволска работа” - како што тогаш бил нарекуван овој популарен засладувач - биле производителите на шеќер, кои веднаш сфатиле за каква опасност се работи. Најискрено на новото откритие му се израдувале дијабетичарите, кои дотогаш не смееле ни да помирисаат нешто слатко, а имале неодолива потреба од него како и сите други. Сахаринот не го бранеле само болните туку и лекарите, кои го прогласиле за лек. Сахаринско-шеќерната војна траеле се до онаа вистинската, некаде до 1916 година, кога во светот биле исцрпени сите резерви, вклучително и оние на шеќер.
Преобилната и погрешно компонирана исхрана, во комбинација со алкохол, неколку децении подоцна довело до тоа шеќерот да се најде во друштвото на непожелните намирници. Шеќерот бил обвинет за фактот дека се поголем број луѓе страдаат и умираат од срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес... Шеќерот е обвинет и за расипување на забите, за дебелеење, хроничен умор. Распаѓањето на слатката империја се насетувала, а почнале да се протежираат засладувачите, кои денес ги има безброј. Направени се безброј испитувања и анализи кои му одат во прилог на шеќерот или на засладувачите и до денес не е познато што е подобро или поздраво.
Во недостиг на цврсти докази за или против, важи девизата на Парацелзиус изречена уште во 16 век. “Се е отров и се е лек! Што е отров, а што лек, одредува единствено количината”.
По сето ова, се поставува прашањето: треба ли шеќерот сосема да се исфри од исхраната. Никако! Потребата за слатко е вродена, а борбата против неа е бесмислена. Важно е само да не се претерува и да не се стане зависник. Ако организмот сака повеќе, ќе помогнат засладувачите без калории. Белиот консумен шеќер добиен од трска или од репка има енергетска вредност од 4 калории за еден грам, а нутриционистички е интересен како енергетско гориво кое има свое место во исхраната.

Меѓутоа, приговорите држат: во текот на рафинирањето шеќерот толку се “соголува” што на крајот од природното богатство на витамини и минерали не останува ништо. Прекумерното консумирање на шеќер предизвикува пораст на гликозата во крвта и реакција на инсулинот. Потребното количество на гликоза во тој момент се искористува во метаболизмот, а остатокот, односно вишокот се претвора во резерва на гликоген или резерви на масти. Поради ова шеќерот се смета како причинител на дебелеењето. Шеќерот е обвинет и дека може да предизвика реактивна хипогликемија и хроничен замор, крвавење на непцата, а се смета и за “крадливец” на витамините и минералите, бидејќи за своето разлагање користи витамини од групата „бе“ што ги „краде“ од другите важни метаболички функции. При неговото разложување се троши и калциум, а за пожелно количество во исхраната се смета количеството од 40 до 60 грама дневно. Оние кои внесуваат повеќе од 100 грама шеќер дневно, може да сметаат на наведените нус-појави.
Во групата на производи кои се користат како замена за шеќерот и имаат енергетска вредност помала од шеќерот спаѓаат полиолите (поливалентни алкохоли), кои во организмот се ресорбираат побавно и не предизвикуваат експресен пораст на количеството на гликоза во крвта. Во оваа група спаѓа сорбитолот, кој природно го има во јаболкото, крушите, вишните... Сосема посебна група на засладувачи се вештачките - создадени со хемиска синтеза. Заеднички својства им се дека се 200 пати послатки од шеќерот и дека немаат никаква енергетска вредност. Употребата на вештачки зсасладувачи во последно време е “на тапет” на светската наука, но нема причина за загриженост доколку се почитуваат некои правила. Засладувачите се сигурни и нештетни ако се земаат исклучиво во пропишаните дози, набележани на пакувањето.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!