VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Чување на јаболката во ладилници

Не може да се замисли современо производство на овошје, особено јаболката и крушите без ладилници.

Основните поставки на технологијата за чување, се насочени на условите со кои се
забавуваат процесите на дишењето, намалувањето на интензитетот на транспирацијата и
спречувањето на развојот на патогените микроорганизми на плодот. Во современата
технологија се користат три основни фактори со чија помош се управуваат процесите на
дозревањето на плодовите во складовите, тоа се: температурата, релативната влажност на
воздухот и составот на атмосферата. Затоа веќе не може да се замисли современо
производство на овошје, особено јаболка и круши, без ладилници, како и разладни уреди во
продавниците за овошје.
Ладилниците се градат од погоден материјал, со термичко-изолациони
карактеристики, двојна покривна конструкција и воопшто многу материјал кој изолира,
односно обезбедува херметичност. Капацитетите на ладилниците, зависат од многу
фактори, пред сѐ , од количеството овошје што ќе биде чувано и тоа 50-70% од вкупното
производство да биде со јаболка. Современото успешно чување на производите со мали
загуби, бара изградба на постројки, во кои ќе можат да се обезбедат сите потребни
оптимални услови за успешно чување на овошјето. Според тоа, ваквите складишта можат
да бидат:
 магацини за овошје и зеленчук кои се проветруваат по природен или механички пат и
 ладилници (со општа намена, специјализирани или комбинирани со неладени
простори).

Општите физички услови потребни за чување на свежи леснорасипливи прехранбени
производи уште при изборот на локацијата и изградбата на ладилниците треба да ги
исполнуваат следните услови: ладилникот – складот, треба да биде без дневна светлина,
односно треба да е мрачен; да има обезбедена можност за добро проветрување; во
складишниот простор да се обезбеди одржување на зголемена релативна влажност на
воздухот, но самиот објект не треба да биде влажен; складишниот простор мора да биде
топлотно изолиран од надворешни влијанија, така што во него да се одржува константна и
изедначена ниска температура од околу 0 C° (приближно од +6 до – 1C°), а во одделни
комори да бидат термички изолирани и во нив да може да се одржуваат константно ниски
температури кои се движат од околу – 20 (од -18 до -28 C° ). Основен предуслов, независно
каде се гради складот – ладилникот, при изборот на локацијата, таа мора да биде поврзана
со добра сообраќајница, со производните објекти – насадот и со пазарите. Објектот треба да
биде обезбеден со рационално снабдување со електрична енергија и доволни количини
бактериолошки и хемиски чиста вода, како и да се обезбеди канализирање на отпадните
води.

Постои дилема, дали да се градат големи капацитети или повеќе мали. Големите
комори – ладилници лесно можат да се прилагодат за чување на разни производи со тоа
само ако се намали густината на стокирањето, се разбира во рационални размери.
Искуството покажува дека јагодестото – ситното овошје, најдобро се чува во мали
специјални комори со силна разладна опрема 150-200 фригории на час за 1м3
и со силна
вентилација чиј коефициент на циркулација е 100. За другото овошје – помалку
чувствително (јаболка, круши и сл.) подобро е да се градат големи ладилници чии комори ќе
имаат простор од 1200 м3
(30 x 40 м) и со височина 7-9 м, во кои комори ќе можат да се
стават над 6 слоеви бокс палети.
извор:АПРЗ

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!