VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Чување на органски зеленчук

Не е важно само да се произведе зеленчукот, туку и квалитетно да се сочува во свежа состојба

Зеленчукот содржи висока количина на вода, поради кое после берба дехидрира и се намалува квалитетот. Со правилно чување се намалуваат промените и губитоците и се одржува квалитетот. Основната цел на органското производство на зеленчук е подолга потрошувачка на истиот во свежа состојба, што значи и потреба за квалитетно и долго чување. • Биолошки чувањето овозможува долг период на потрошувачка на органски зеленчук во свежа состојба како основа за рационална исхрана.
• Економски, помалите загуби значат подолго чување, но и можност зеленчукот да се пласира на пазарот кога цената е висока ( зима, крај на пролет ).

Зреење и берба на зеленчук
Зрелоста за време на бербата е еден од најважните фактори за одредување на квалитетот и должината на животот во текот на складирањето на зеленчукот.
• Степенот на зрелост во моментот на берба влијае на хемискиот квалитет на зеленчукот.
• Поради доцна берба може да се загуби 30- 50 % од вкупната количина на зеленчукот. Зеленчукот се чува подобро ако бербата се спроведува во оптимална зрелост.
Времето на берба зависи од:
• од видот и сортата
• од можноста за дозревање
• од одалеченоста на пазарот- должина на транспорт
Зеленчукот може да се бере во транспортна зрелост – време кога растителните органи кои се користат во исхраната достигнуваат целосна големина, но процесот на зреење не е потполно завршен, т.е зеленчук кој има можност за понатамошно дозревање ( диња, домат ). Здравствено – хигиенските мерки за време на бербата и непосредно по бербата, имаат за цел намалување на микробиолошката контаминација.


Важност и задача на чувањето на органскиот зеленчук

Чувањето има за цел користење на зеленчукот во свежа состојба што е можно подолг период. Истовремено тоа овозможува поголема конкурентност на пазарот на свеж зеленчук во текот на целата година, намалувајќи го сезонскиот карактер на производството и продажбата. Затоа е важно :
• да се намалат загубите при бербата
• адекватно класирање и пакување на зеленчукот
• да се зачува во најоптимални услови за да се сведат на минимум промените
Задачата на чувањето е да се продолжи рокот на траење на зеленчукот и да се забави неговото неизбежно пропаѓање. Правилното чување на свежиот производ веднаш по бербата може да:
• го забави созревањето и дишењето
• ја забави или да ја намали загубата на вода,
• го намали етиленот или намалување на времето за одговор на растителните производи од ефектот на етиленот,
• го забави или инхибира развојот на болести предизвикани од габи и бактерии,
• обезбеди маркетиншка флексибилност и елиминирање на потребата за продажба веднаш по берба. Долготрајното чување – складирање понекогаш остварува приходи кои се неколку пати повисоки од оние кои се остваруваат веднаш по бербата, но профитот зависи од низа трошоци: за подготовка на складиштата, за објектот, енергијата и други инвестиции за време на процесот на складирање, загуби поради расипување и намалување на складишните производи, камата на средствата, општиот ризик, осигурување и друго. Трошоците се менуваат во зависност од цената на енергијата, временски услови и друго. За да се оствари ефектот на чувањето, неопходно е познавање на биологијата на сортата која се чува, за да се доведат до оптимум условите кои пак ќе го дадат квалитетот.
Кога започнува чувањето на зеленчукот? - Чувањето на зеленчукот започнува со одвојување на корисниот дел од матичното растение и трае до моментот на користење во исхраната или преработката.

Фактори кои влијаат на квалитетот на чување
Квалитетот на производите кои се ставаат на чување зависи од:
• растителниот вид,
• изборот на сортата,
• квалитетот на семето,
• производните фактори( агротехничките мерки: ѓубрење наводнување, време и начин на берба) и
• агро-климатските услови.
Квалитетот се добива за време на производството, па затоа квалитетот по берба не може да се поправи, но може да се зачува. Подготовка на зеленчукот по бербата, најпрво треба да се намали внатрешната температура на продуктот ( здобиена уште на поле ), бидејќи квалитетот на зеленчукот нагло опаѓа, затоа што интензитетот на дишење и зреењето се за 2- 3 пати поголеми за секои 10˚С поголема темпертаура од препорачаната.

Технологија на чување на зеленчукот

Во процесот на чување се разликуваат:
• Технологија на претчување
• Технологија на чување
Успехот во предчувањето зависи од:
• Времето изминато помеѓу бербата и претчувањето
• Од почетната температура на зеленчукот
• Типот на превозното транспортно средство
• Крајната темпертаура на зеленчукот погодна за чување и
• Одржување на препорачлива температура по претчувањето.
Претчувањето треба да се спроведе што побрзо пред бербата. Ладењето не е неопходно ако зеленчукот се продава непосредно по бербата. Основни начини за намалување на темературата на производите се: заштита од директни сончеви зраци, примена на природно ладење т.е берба рано наутро додека е ладно или доцна попладне, примена на отворени складишта со вентилација во текот на ноќта и ладење со испарување со протокот на сув воздух преку влажни површини. Одложување на примената на технологијата на претчување, ја скратува можноста за долго чување, а го зголемува интензитетот на дишење, го забрзува процесот на зреење, ја зголемува загубата на влажност ( венење ), ја зголемува продукцијата на етилен, како и развојот и ширењето на болести.
Повисока температура од 20˚С влијае на забрзување на зреењето и промената на бојата. Во текот на бербата, зеленчукот во поле неопходно е да се стави под сенка, а покривањето со гајби или корпи со рефлексни мрежи во голема мера ја намалува топлината, губитокот на вода и прерано пропаѓање. За некои видови како што е лиснатиот зеленчук и зачинските растенија еден час на сонце е предолго. Собраните плодови мора што побрзо да се транспортираат во објектите за разладување, сортирање и пакување. За време на превозот плодовите мора да бидат заштитени од сонце, дожд и прашина.
Чувањето на ладно зависи од растителниот вид. Денес се познати неколку различни постапки за разладување на свежите зеленчукови производи:
• Разладување со ладен воздух
• Разладување со ладна вода- хидрокулинг
• Разладување во вакуум комора
• Разладување во кое циркулира течен азот или јаглерод диоксид
• Разладување со мраз.
Често по бербата плодовите се доста нечисти, со прашина, калливи така што со разладување во вода тие се мијат. Употребата на вода по берба, за време на претчувањето, може да ги отсрани нечистотиите, но исто така, може да биде извор на контаминација ( често содржи олово и патогени ), најчесто ако се употребува рециклирана вода или од речен тек. Квалитетот на вода игра значајна улога во сите хигиенско- санитарни постапки. Употребената вода од хидроладилникот е валкана, и со завршување на секој работен ден или почесто таа се заменува. За да се продолжи времето на чување на зеленчукот, а квалитетот да се зачува, покрај разладувањето кое е едно од најважните третмани за претчување треба да се применат: физички третмани( топлотни третмани ), биолошка контрола, сортирање и отсранување на повредените производи. Клучна улога врз должината на чување на зеленчукот имаат темпертаурата и релативната влажност. Препорачана температура и релативна влажност при чување на зеленчукот.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë