VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Свет

Чоколадирање на суво овошје

Денес, еден од најважните трендови во производство на храна потекнува од барањата на потрошувачите за храна која го подобрува здравјето (функционална храна), односно храна која
не предизвикува штетни ефекти, но од друга страна делува позитивно, подобрувајќи го метаболизмот или делувајќи превентивно на некои заболувања.

Чоколадата е една од најпопуларните прехранбени производи во светот. Распространета е во целиот свет и поради својот специфичен сладок вкус, често е омилен производ кај поголем дел од светската популација. Претставува храна која е добар извор на енергија. Како главна
состојка на чоколадото е какаото, при што сите чоколади се произведуваат од три вида на какао зрна. Секој вид на какао има свои специфики, поради што производителите прават разни комбинации, со кои се добива одредена рамнотежа во вкусот, што влијеае на квалитетот и сензориката на добиеното чоколадо.

Какаото во својот состав содржи различни состојки, како кофеин, теобромин и фенилетиламин. Кофеинот делува како стимуланс, теооброминот го стимулира срцевиот мускул и нервниот систем, а фенилетиламин се претпоставува дека делува како антидепресив, односно го подобрува расположението. Чоколадото покрај какао содржи
млеко и шеќер, така што со конзумирање на чоколадата, човекот обезбедува внес на протеини, јаглехидрати, масти, минерални материи и витамини.

Овошјето може да се конзумира свежо или преработено, а поради специфичниот и поволен хемиски состав има значајна, некогаш и незаменлива улога во човековата исхрана. Една од добрите страни кај овошјето е фактот дека може да се суши и како такво да остане достапно за конзумирање во текот на целата година. Дехидрирањето на овошјето е една од најстарите техники на конзервирање на храна, која во суштина се состои во намалување на содржинатана вода, со кое се намалува волуменот на овошјето, поради применетото сушење, при што доаѓа до зголемување на концентрацијата на компонентите од составот.

Сушеното овошје е богато со лесноапсорбирачки овошни шеќери; фруктоза и гликоза, кои претставуваат постојан извор на енергија, имаат поголема содржина на хранливи материи,
поголема содржина на растителни влакна, продолжен рок на траење и значително поголема содржина на фенолни антиоксиданси во споредба со свежо овошје.
Затоа,сушеното овошје треба почесто да се препорачува како додаток во исхраната од страна на диететичарите и нутриционистите.Сушеното овошје е и добар извор на енергија, со што оправдува да се нарекува здрав десерт. Често се применува кај голем дел од светската популација, особено кај спортистите кои учествуваат во разни спортови кај кои е потребен напор.
Развојот на технологиите за производство на храна е под големо влијание на бројни фактори, меѓу кои, како еден од најважните се трендовите поврзани со барањата на потрошувачите, кои во изминатите децении стануваат попрефинети. Затоа целта на производителите е да ги следат и исполнуваат нивните барања. Развојот на нови производи, кои во својот состав содржат здравствно-корисни и енергетско-хранливи состојки се предизвик за производните компани.

Чоколадирањето на сувото овошје претставува тренд кое сé повеќе го практикуваат производителите, а овие производи се повеќе се прифатени и барани од пошироката популација на потрошувачи.Обичната конзумна чоколада, која содржи рафиниран бел
шеќер (сахароза), во последно време се избегнува во исхраната поради можните негативни ефекти по здравјето на одредени популациски групи.За да го реши овој проблем, кондиторската индустрија белиот шеќер го заменува со додавање на суво овошје, при што се добива многу вкусен и здрав чоколаден производ. Предноста на овој производ е што во неговиот состав се комбинирани здравствените придобивки кои се должат на состојките од сушеното овошје и чоколадото.
Со внесување на овој производ, на организмот му се овозможува внес на добро количество на
енергија и нутритивни состојки кои може поволно да влијаат на конзументите. Технологијата на чоколадирањето на сувото овошје може да се развие и примени за различни видови и сорти на овошје, распространети ширум светот, од цреши, јагоди, брусница,султанина -грозје, рибизли, кајсии, сливи, урми,смокви, калинка и др.

Од економска гледна точка, за примените производители, овоштарите,како и преработувачите на овошје, чоколадирањето на сувото овошје претставува одлична инвестиција во рентабилно производство. На овој начин се добива вкусен и баран производ, кој е со повеќекратно зголемена додадена вредност, со цена која е дури и до 50 пати поскапа во однос на суровина
(во зависност од овошјето).

Познато е дека во нашата земја успешно се одгледуваат големброј на овошни култури, а производителите често имаат проблем со пласирање на нивните производи, по цена што е исплатлива за нив. За жал мал е бројот на преработувачи кои произведуваат сушено овошје,
иако постојат одлични можности за примена на оваа технологија, кај која може да се користат различни уреди за сушење, со поголеми и помали капацитети, кои може
да користат различни извори на енергија, гориво, гас, а како најисплатливо и еколошко се препорачува сушење во соларни сушници. Нашата земја има голем број на сончеви денови во текот на годината, така што примената на соларните сушници, понекогаш во комбинација со
други извори на енергија, дава одлични можности за бизнис идеи, со кои поединци можат да аплицираат за добивање на опрема за финални земјоделски производи.Иако сегашното производство не е на ниво на поранешното, сувото овошје е од
големо значење како полу-готов производ за производство на овошни сокови, џем, мармалад, џем, алкохолни и безалкохолни пијалоци. Покрај тоа, сувото овошје е широко користено во кондиторската индустрија.

Сушењето на овошјето може да се изведе и со лиофилизација, процес при кој водата од состојба на мраз, по пат на сублимација испарува, во услови на ниска температура и притисок.Тоа се изведува во специјални уреди каде плодовите овошје прво се замрзнуваат на температура од -50° C до -60 ° C, а потоа водата испарува (сублимира)принизок проитисок, со помош на вакуумски систем во комората. Процесот трае до 40 часа. При процесот на сушење
со длабоко замрзнување – лиофилизација, се избегнува можност за контаминација на
производот. Овојпроцес, повеќето бактерии и габи не можат да го преживеат, бидејќи се извлекува 97% од влагата, како од овошјето така и од микроорганизмите. На овој начин се добива готов производ, сушено овошје, кое е со одлични сензорски и квалитетни карактеристики,што ја прави одлична суровина за чоколадирање.

Во зависност од видот и сортата на овошјето, сушењето се одвива после бербата и евентуалното кратко чување во соодветни услови. Кај повеќето овошја
потребно е пред сушењето да се изведе соодветен пред третман. После приментата на сушењето до одреден степен на содржина на вода, потребно е исушеното овошје да одстои односно да се воедначи со температура и содржина на вода, а потоа, по 40-60 дена, може да започне понатамошната обработка на чоколадирање.

Чоколадирањето на сувото овошје може да се изведе мануелно, во домашни услови, но и машински во индустриски услови. При машинското чоколадирање во индустриски услови се користат различни уреди, во зависност од изборот на производителот, но и каков тип на чоколадирано суво овошје е предвидено да произведе.Постојат неколку начини на чоколадирање, при кои сувото овошје може целосно или делумно да биде обложено
со чоколадна обвивка, но може и сушеното овошје да биде сецкано на покрупни или поситни делови и да се распредели во чоколадна маса која се поставена во калап за добивање на чоколадна табла со суво овошје.

ЧОКОЛАДИРКА

Чоколадирката е машина наменета за чоколадирање на суво овошје каде линијата за чоколадирање се состои од: дупликатор за подготовка на чоколадото, машина за чоколадирање – чоколадна завеса со подвижна лента, воздушна завеса која врши фино сушење и обликување на нанесеното течно чоколадо на сувото овошје.

МАШИНА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЧОКОЛАДНА ОБВИВКА

Чоколадирката е машина наменета за чоколадирање на суво овошје каде линијата за чоколадирање се состои од: дупликатор за подготовка на чоколадото, машина за чоколадирање – чоколадна завеса со подвижна лента, воздушна завеса која врши фино сушење и обликување на нанесеното течно чоколадо на сувото овошје.
извор: www.nff.org.mk

А. Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë