VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Колумна

Чоколада-афродизијак и аналгетик!

Моќ и љубов. Задоволство и страст. Уживање и романса. Енергија и зависност. Убавина и нежност. Сето ова асоцира на нејзиното височество чоколадата, која жените ја консумираат како аналгетик (докажано ги намалува болките), а посилниот пол ја користи како афродизијак - средство со кое се зголемува сексуалната моќ. И едните и другите ја подаруваат кога сакаат да покажат љубов, наклоност и почитување

Чоколадата дефинитивно не е само омилено слатко задоволство кое подеднакво опсесивно го сакаат сите. За неа уште од дамнина се испреплетени слатки приказни за моќ и љубов. За страст и уживање. Опсесија и зависност. Во цивилизацијата на Маите чоколадата се сметала за храна на боговите. Се прави од плодот на дрвото теоброма од кое се добива какаото, а потекнува од Средна Америка. Во времето на Ацтеките чоколадата им била достапна само на определени општествени слоеви, а уште тогаш ја сметале за афродизијак, односно средство кое ја зголемува физичката сила, па затоа им ја давале на воините пред битка. Во почетокот на 16 век се споменува ацтечкиот владетел Монтезума, кој исклучително многу уживал во оваа напивка (чоколадата многу подоцна почнала да се прави во цврста состојба). Тој ја пиел чоколадата од златни садови кои подоцна ги фрлал во блиското езеро. Се зборува дека тоа езеро станало буквално златен рудник за шпанските освојувачи. Ацтеките ги сушеле зрната на какаото на оган, ги мелеле, ги мешале со вода и, на крај, додавале лути пиперчиња! Иако на денешниот пазар чоколадата се меша со се и сешто, нејасно е како потрошувачите би реагирале на лута варијанта!
Пресвртница во производството на чоколадата извршил холандскиот хемичар Конрад, кој осмислил хидраулична преса со чија помош успеал да го екстрахира какаовото масло, кое дотогаш пливало по површината на чоколадата и добил маса која можела да се меле во прав. Правта ја третирал со алкални соли, кои потоа многу полесно се мешале со вода. Многу подоцна чоколадата постепено е усовршувана и е доведена до обликот познат и денес. Теоброма дрвото, од кое се добива какаото, е зимзелено дрво кое расте на подрачјето на Јамајка и Гранада. Лисјето се јаки, а цветовите црвеникави или жолти. Во третата година донесува и плодови, чија зрелост се определува со потчукнување (слично како кај лубеницата), по што се остава да ферментира завиткан во листови од банана. Постојат два основни вида на какао: форастеро и криоло. Вториот е со подобар квалитет, но - разбирливо - најголемиот дел од чоколадите на пазарот се направени од првиот вид.

Постојат четири основни вида чоколади. Горчлива чоколада која содржи барем 34 отсто какао маса. Чоколада за кување и прелевање мора да има 34 отсто какао масло, што е маст, а не какао маса, бидејќи големиот процент маст овозможува колачите да се прелеат со многу тенок слој. Млечната чоколада, иако е најпопуларна, не е толку квалитетна. Многу често скапото какао масло се заменува со некое растително или пак се додава вештачка арома. Последниот вид е белата чоколада, но тоа всушност и не е чоколада. Тоа е какао масло на кое му се додадени вештачка арома и млеко. Најголем непријател на чоколадата се влагата и високата температура. Влагата доведува до тоа кристалите на шеќерот на површината да се растворат, а потоа рекристализираат, што создава сивкав слој. Чоколадата лесно апсорбира мириси, па затоа е најдобро да се чува во затворен простор.
Чоколадата се смета за афродизијак од дамнина. Денес оваа нејзина репутација ја разјаснуваат психолозите, кои објаснуваат дека чоколадата постепено се топи и исчезнува во устата, по што останува сладок и пријатен вкус. Се што е пријатно бара и повторување, па така една коцка бара друга, а една чоколада бара друга... Дали чоколадата создава зависност? Научниците овој феномен го објаснуваат на повеќе начини. Едни сметаат дека зависноста е од хемиски, други од психолошки, па дури и од културолошки карактер. Во чоколадата се присутни повеќе од 400 хемиски соедниненија, меѓу кои и психоактивните материи: кофеин, теофилин, серотонин, триптофан, анандамид. Многу стручњаци чоколадата ја нарекуваат “психоактивен коктел” поради присуството на мали количества анандамид, кој со некои состојки - во слободен превод - е многу сличен на канабисот! Но, за да се создаде вистинска физиолошка зависност треба да се изедат околу 12 килограми чоколада, што е практично невозможно. Сите слатки, а особено чоколадата, во мозокот предизвикуваат излачување на ендорфин, што предизвикува чувство на пријатност и задоволство. Од друга страна, зголеменетото излачување на ендорфин ја намалува осетливоста на болка. Фенилетиламинот, пак, на хемичарите им е познат како љубовна хемикалија, затоа што оваа материја нормално се создава во мозокот особено кај вљубените и се претвора во допамин во центрите на мозокот кои се одговорни за оргазмичките чувства. Ако фенилетиламинот се земе во чист облик и во големи количества има исти својства како и дејствувањето на дрогите амфетамини. Значи, предизвикува еуфорија! А чоколадата на некој начин го поттикнува создавањето и активноста на фенилетиламинот.

Се смета дека чоколадата е несоодветна за секојдневна консумација, затоа што содржи околу 30 отсто маснотии и шеќери, но притоа се заборава дека содржи многу полифеноли кои се силни антиоксиданси, но и изобилство магнезиум и бакар. Најновите испитувања покажуваат дека темните чоколади, како и какаото во прав, може да бидат здрави за срцето и покрај големото количество маснотии, бидејќи за цели 10 отсто го зголемуваат создавањето на корисниот холестерол ХДЛ кој ги штити крвните садови. Докажано е дека со земење на 22 грама какао или 16 грама чоколада дневно значајно се намалува таложењето на штетниот холестерол.
Традиционално, за најквалитетни чоколади на светот се сметаат оние кои потекнуваат од Швајцарија и од Франција. Но голем број производители и од други земји и области прават чуда достојни за почит. Меѓу најпрочуените слаткарници во светот се оние во виенските хотели “Империјал” и “Сахер”, а од Австрија доаѓаат и популарните “моцарт” кугли! Франција е карактеристична по многубројните мини, подобро речено - фамилијарни фабрики за производство на чоколади, кои љубоморно ги чуваат своите рецепти. Италијанците сакаат мали, посебно спакувани чоколадца, а најпознати се “баци” - што на италијански значи бакнежи. Швајцарците се најпознати по производството на млечни чоколади кои буквално се топат во устата. Во Мексико се уште повеќе ја пијат, отколку што ја јадат чоколадата. Кај нас до неодамна приматот го држеше единствената фабрика за чоколади и вафли “Европа”, шеќерни табли прави и “Агроплод”, но се повеќе во индустријата денес се вклучуваат и приватни производители.
Раскошна и мудра, полнета или мешана, слатка и топла, чоколадата отсекогаш ги опседнувала луѓето. Чоколадата за прв пат пред повеќе години е моќно опеана и во едно пишано дело, после кое е снимен и филм. Романот “Чоколада” на Џоана Харис, во кој приматот го има ова неодоливо, слатко задоволство, е производ и книжевна гозба во која уживаат сите сетила. Исто како и кога ќе се проба!Екстаза!

Благородна Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë