VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Цени на земјоделските производи на Кванташкиот пазар во Скопје

Пазарот на големо и мало што се наоѓа во скопската населба Гази-баба е најголемиот пазар во земјата што нуди не само овошје и зеленчук, туку и многу различни видови прехрамбени производи. Прометот,, велат од таму значително е намален, иако понуда има во изобилство

Најголемиот пазар во земјава работи со намален промет и покрај тоа што понудата е голема. Пазарот никогаш не бил толку шарен, затоа што боите на зеленчукот и овошјето ја достигнаа својата кулминација. Кванташкиот пазар во Скопје е место каде каде што може да се купат свежи и преработени прехрамбени производи, како и свежо домашно и увезено овошје и зеленчук по најниска цена.
Еве како последниве денови се движеа цените на некои од најбараните земјоделски производи. Обичната зелка која се уште се бара за свежа салата, се продава за 8 денари за килограм, додека црвената е 13-15 исто како и кинеската пакувана зелка. Младиот морков може да се купи за 25 денари од килограм, кромидот се продава за 12-15, а лукот за 10 денари парче. Цвеклото е 8, целерот 40-50, а прокељот може да се најде по цена од 50 денари. Цената на магдоносот е денари китка, на пашканатот 100, а на блитвата 15 денари китка. Францускиот магданос е поскап за 5 денари во однос на домашниот. Ротквичките се 7 денари сноче, а брокулата може да се најде за 100 денари. Карфиолот се продава 90 денари кило, а снопче рукола за 20.

Цената на модриот патлиџан 8-10 денари за парче, а тиквичките се нудат за 5 денари парче. Пиперки има се повеќе, па и изборот е се поголем. Засега зелениот благ се нуди од 25-30 денари, црвениот благ 20-30 денари, додека лутите пиперчиња се 40 денари за килограм.
Марулата варира од 20-25 денари за парче, додека компирот што го има во изобилство е од 10 до 15 денари. Црвените домати се од 13 до 20, розевиот 30, а јабучарот се нуди за 3-40 денари. Краставиците се од 25 -40 денари за кило, а гравот од домашно производство е поскап од увезениот и се продава од 100 до 150 денари, додека цената на увезениот е 85 денари.

Цената на овошјето е со поголеми варијации во зависност од квалитетот, па така еден килограм јаболка во зависност од квалитетот и сортата се продаваат од 20 до 25 денари. Крушите се од 40-60, а цената на портокалите е покачена на 85 денари. Лимунот се продава од 65 до 70 денари, а бананите чинат 700 денари за пакет од 20 килограми.
Килограм лубеница е 10 денари, а дињата од сортата руски ананас е 35 денари. Грозјето кое го има се повеќе на тезгите се продава за 25,а килограм смокви од 30-50 денари во зависност од квалитетот. Праските се продаваат од 25-30, а нектарините чинат 10 денари повеќе. Модрите сливи од сортата „Стенли“ се 8 денари, а чачанската модра слива се нуди и по 25 денари за килограм.
Пријатен ручек и никако не заборавајте ги најздравите намирници-салата пред оброк и овошје како десерт, по него!


Б.А.Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë