VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Хризантема, кралица на есента

Иако најголем дел од украсните билки, цвеќиња и дрвја, кај нас доаѓаат од увоз, во расадниците низ земјава, тренд е одгледувањето на хризантеми

За домот, дворот или балконот да ви биде полн со цвеќе се до мразевите и првите снегови, купете хризантеми. Овие растенија познати уште како зимски рози, почнуваат да цветаат од на крајот на летото и се највпечатливиот декор на есента. Хризантемата потекнува од Кина, каде што е многу ценета и се смета за симбол за долг живот. Кај нас се смета за цвеќе на радоста и благосостојбата. Има околу 7 000 различни видови хризантеми, а основната поделба е на видови кои почнуваат да цветаат во средина на летото, и видови кои цветаат во есен. Хризантемите се садат на сончево место на раздалеченост од 30 до 50 см и тоа закоренета резница или младо растение кое изникнало покрај матичното.

Најновите статистички податоци покажуваат дека хризантемата во последните неколку години е примарна цветна култура кај нас, поради исклучително декоративните цветови и бои и усовршената технологија која овозможува темпирано производство на повеќе реколти во текот на годината. Како режано цвеќе во вазна со вода останува свежо многу долго време.
Поради својата убавина хризантемите со векови се симбол на јапонското царско семејство. Тие симболизираат моќ, вечен живот и богатство. Ги нарекуваат есенски заводнички и убавици. Во Јапонија е национален цвет.

Последниве години се попопуларни стануваат џуџестите хризантеми кои раѓаат бројни цветни главички и ситни цветчиња. Цветовите се ѕвездести и може да се најдат во различни бои. Растението е целосно прекриено со густо збиени цветови.
Растението влегува во зимски сон, откако ќе се престане со полевањето и се реже до земја. Зимата треба да ја поминат на осветлено место со минимално полевање, прихранети со нова земја.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!