
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Финансиска подршка за брендирање на домашни земјоделски производи
Ние како земја имаме многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети кои се надалеку познати, но досега не беа заштитени по примерот во европските држави изјави денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски при посетата на охридскиот регион

Со средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година во износ од 1,5 милиони денари, ќе бидат започнати активности за заштита на називите на домашните земјоделски производи и традиционални специјалитети.
Ова го најави министерот Трајан Димковски при посетата на селото Косел во близина на Охрид, каде што го посети овоштарникот на земјоделецот Јурген Стефаноски, кој со години наназад произведува цреши.

„Во овој регион, се произведува нашата позната охридска цреша, којашто од 2017 година е првиот регистриран земјоделски производ со заштитена географска ознака. Во насока на заштита на нашите земјоделски производи, правиме уште еден чекор. Денеска се објави Јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“, нагласи тој.
Димковски во Охрид, учествуваше и на состанокот на Координативното работно тело за превземање мерки и активности за контрола и следење на состојбата со риболивот и заштита на водите и рибите во Охридското езеро.
На состанокот се водеше конструктивна дискусија за проблемите со кои се соочуваме и заедничките мерки кои ќе ги превземеме во координација со ДИЗ, АХВ, Охридската капетанија, АРМ Центар за управување води-Охрид, Општина Охрид, МВР Езерска полиција Охрид и сите кои се директно вклучени во процесот на заштита на Охридското езеро.
Б.А.Н.
