
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството
Директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделците дека успешно заврши пријавувањето за користење на финансиска поддршка во земјоделството. До петок, ( 31- ви јули 2020), до кога беше и последниот ден за пријавување на земјоделците, барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65,554 земјоделци.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека Агенцијата во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.
„ Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел на земјоделци кои не знаеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите побараа помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ. Согласно препораките за превенција од „Ковид 19“ и почитување на протоколитте сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството.“ –преку соопштение појаснува Бабовски.
Бабовски, посочи дека Агенцијата заедно со Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и досега и во иднина ќе продолжат да креираат Програми и мерки за развој на агро секторот.
Б.А.Н.
