
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Свет
Уникатно новогодишно овошје, отпорно на мраз!
Зимзелената грмушка Gaultheria или како што народски се нарекува зимска боровинка, е вид што поседува единствен слатко-кисел вкус. Расте по површини кои се осојни, а уникатните црвени бобинки во зимските месеци се ретка декорација во градинарскиот пејсаж. Зимската боровница е многу лесна за одгледување и сака места на кои не успеваат повеќето растенија

Зимзелената боровница води потекло од Северна Америка и Канада каде ја нарекуваат „винтергрин“, а може да се сретне и во Непал. Во прашање е повеќегодишно растение кое е одличен покривач на тлото во висина од 15 сантиметри. Гаултеријата има кожести листови со ѕвонест облик , а цвета од јули до август. Во есен и зима дава црвени бобинки кои се најчесо се употребувани во новогодишните цветни декорации. Таа е во блиско сродство со боровницата но и брусницата.

Во природата гаултеријата расте во шумските сенки, каде што создава колонии меѓу останатите билки на кои им погодува кисела почва, како планинскиот лорбер и рододендронот. Не и треба земјиште богато со хранливи материи, но сака дренирана почва. Многу е важно киселоста да не ја преминува границата од 6,5 затоа што во тој случај ќе треба да се додава тресетен мов.
Ова новогодишно украсно растение не сака сончево светло и бара влажно земјиште, особено кога се создаваат бобинките. Доколку нема дожд, се полева еднаш во неделата. Гаултеријата е отпорна на студенило и мраз и не бара прихранување со ѓубриво. Успешно се одгледува и на отворено и во саксии, а лесно се размножува и од семе и од расад.
Бобинките се вкусна храна и за луѓето и за шумските животни. Имаат слатко-кисел вкус со арома на мента, што ги прави уникатно овошје. Покрај свежи, од зимската боровинка се подготвуваат и мармалад и џем со посебна арома. Листовите се користат за правење чај затоа што се богати со етерични масла. Во индустријата, зимската боровница се користи како додаток во гумите за џвакање и пастите за заби.
Б.А.Н.
