
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
УХМР: Нема катастрофални штети кај овошките
Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот оваа недела

Промената на времето, врнежите од снег и наглото заладување во голема мерка го сменија текот на земјоделското производство, особено со појавата на негативни утрински температури во текот на изминатата седмица, информираат од агрометеоролошкиот сектор при УХМР.
Во вакви временски услови во овој период најмногу на удар беше кајсијата посебно раните сорти каде имаше и заметнување на плод, фаза во која и негативни температури од -0.6 или -1 оС може да предизвикаат штети, но и останатите коскести видови на овошки беа во фаза на оплодување или полно цветање во зависност од реонот.

Сепак штети се очекуваат, но не од катастрофални размери туку само со проредување на родот, барем засега, од овој бран.
Слична состојба и слични временски услови не очекуваат и во наредната седмица, но со нешто повисоки температури на воздухот кои очекуваме постепено да ја загреваат атмосферата и да имамеме подобрување. Но, снегот на планините во секое време предупредува на можна појава на мраз во деновите кога ќе дојде разведрувањето
Останатите култури, како есенските посеви воопшто не се засегнати со ваквите временски услови, а врнежите од дожд само ја наполнија влагата во почвата која и понатаму останува приоритет.
Јаболчестите видови овошки поради покасното отпочнување на вегетацијата беа во фази кои издржуваат вакви негативни температури.
Состојбата воопшто не е невообичаена за месец март, според климатолошките податоци сме имале и во изминатиот период вакви временски состојби.
Б.А.Н.
