
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Со новиот сет мерки, се вложуваат 76,1 милиони евра за земјоделството
Со новиот трет пакет мерки за надминување на последиците од КОВИД -19, Владата на Република Северна Македонија ги поддржува земјоделците и развојот на земјоделството, за нови приходи од плодната македонска земја, рече вчера теничкиот премиер Оливер Спасовски

Со новиот трет пакет мерки за надминување на последиците од КОВИД -19, Владата на Република Северна Македонија ги поддржува земјоделците и развојот на земјоделството, за нови приходи од плодната македонска земја. Со новиот сет мерки се вложуваат 76,1 милиони евра за поддршка и развој на земјоделството:
– 5 милиони евра за поволни кредити преку Развојната банка на Северна Македонија, за микро, мали и средни претпријатија кои вршат примарно земјоделско производство, преработка и извоз на примарни и преработени земјоделски производи.

–50% поддршка за покривање на трошоците за зелена нафта
–3.5 милиони евра поддршка за преработувачите на грозје и за винарниците за производство на алкохолен дестилат
–Јавно приватни партнерства во секторот лозарство и тутун, за производство на преработки од тутун и грозје, за уште посилен развој на овие извозноориентирани сектори
–Долгогодишен закуп на пасишта
–Ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште, преку окрупнување на парцелите
–Финансирање на стартап фарми и винарии
–Проект “Модернизација на земјоделството” – 50 милиони евра преку Светска Банка.
Б.А.Н.
