VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Состанок за спас на Преспанското Езеро

Министерството за животна средина најавуваат дека за наредната недела планираат тематска координативна средба на национално ниво, на која ќе се соберат претставници од научната јавност за да се направи анализа за причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на езерото

Преспанското Езеро е исправено пред голема еколошка катастрофа. Овој природен бисер најдиректно ги почувствува климатските промени и годинава бележи намалување на водостојот и големо повлекување на водата. Дали ќе успееме да го спасиме Преспанското Езеро, што може да се направи и дали алармот веќе можеби сме го исклучиле? Постарите Преспанци со тага во очите и во душите раскажуваат до каде била водата пред две децении. Веќе половина година водостојот се намалува, страшни фотографии од повлеченото езеро постојано се постираат на социјалните мрежи.

Состојбата со Преспанското Езеро се следи во континуитет и се преземаат активности во рамки на надлежностите, информира Министерството за животна средина и просторно палнирање, кое најавува дека следната недела ќе се одржи координативна средба на национално ниво за да се разговара за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведување на мерките на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

Од Министерството наведуваат дека на состанокот ќе присуствуваат претставници од научната јавност односно научниот совет формиран за спроведување на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, општината Ресен, Управата за хидрометеролошки работи, МЖСПП, граѓанските организации активни во регионот и сите засегнати страни во имплементацијата на Планот, за да разговараат за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведувањето на мерките од Планот. Целта е во најкус можен рок да се изврши иницијална експертска анализа на причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на Преспанското Езеро.

Од Министерството истакнуваат дека со оглед на прекуграничниот карактер на управувањето со Преспанското Езеро поради неговата географска поставеност и по спроведената ратификација на трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на пределот на Преспа Паркот“ од последната земја потписничка-Грција во 2019 година, со што истиот стапи на сила, Министерството се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција.

Во меѓувреме, користејќи ја веќе воспоставената меѓународна соработка на експертско ниво во рамките на проектот за овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот Дримски воден басен, Секторот за управување со водите во МЖСПП иницираше вонреден состанок на националните експерти од Дримската група за да ги разгледаат состојбите и да разменат сознанија и согледувања за начините за итно надминување на актуелните состојби со намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë