VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Колумна

Сладолед-најпопуларното летно задоволство

Татковина на сладоледот се земјите на Азија во кои кремовите и соковите од овошје уште од стари времиња се замрзнувале за да бидат соодветни десерти во долгите жешки денови

Сладоледот го сакаат и младите и старите, а децата едноставно го обожаваат. Покрај чоколадата, тој е единствената храна која најмладите никогаш не ја одбиваат, дури и на полн стомак. Денес, во ерата на замрзнувачи и голем избор на разни сладоледи на пазарот, како да се заборава домашниот сладолед. Се подготвува лесно и брзо и, спротивно на поранешните предрасуди, се јаде во текот на целата година.
Дали е навистина точно дека сладоледот е здрав? Дали е корисен? Колкава му е хранливата вредност? Науката го има поставено ова прашање уште во 1926 година, кога германскиот научник Хомбергер започнал со редовно давање на мали количества сладолед на една група експериментални животни. За разлика од останатите кои и понатаму се хранеле со леб и млеко, оние хранети со сладолед набрзо имале многу подобра општа состојба, а влакното им било густо и сјајно. Во 1940 година Американецот Палмер во еден експеримент забележал дека растот кај животните хранети само со сладолед е поправилен, како и дека сладоледот со ванила придонесува за нивната добра здравствена состојба. Зошто? Затоа што вистинскиот сладолед е комплетна храна.
Сладоледот е мошне скапоцен продукт и по својата калорична вредност и по хранливите состојки кои ги содржи, а тоа се: протеини, јаглеродни хидрати, масти, витамини и минерални соли. Најхранливи се таканаречените крем-сладоледи - на 100 грама содржат околу 230 калории. Тоа значи дека претставуваат богат извор на енергија и без страв можат да го јадат и возрасните и децата, секако - ако се здрави. Заблуда е дека е опасно да се јаде сладолед бидејќи тој е замрзнат. Имено, сладоледот се јаде полека и веќе во устата почнува да се загрева. Сепак, по јадењето на сладолед не треба да се пијат топли напивки. И покрај позитивните особини, во некои случаи сладоледот сепак е контраиндициран. Всушност, не би требало да го јадат деца помлади од една година, дијабетичарите - бидејќи содржи доста шеќер, луѓето со заболен црниот дроб - поради јајцата и маснотиите, лицата кои страдаат од диспептични нарушувања во органите за варење и, секако, обезните лица - поради неговата висококалорична вредност. Утврдено е дека сладоледот го отвора апетитот.

Од малку млеко, неколку јајца, шеќер, различно овошје или чоколада, само за пет минути може да се направи ова вкусно слатко задоволство. Откако смесата за сладолед ќе се подготви според рецептот, оставете ја добро да се излади во фрижидер, а потоа ставете ја во замрзнувач. Се става во алуминиумски или во пластични садови, кои никогаш не се полнат до рабовите, туку неколку сантиметри пониско. За целосно замрзнување на сладоледот обично се доволни 60 до 80 минути. Се препорачува во овој период неколкупати да се промеша за да не се создаваат кристали од мраз на површината. Сладоледот може да се послужи во секоја пригода и не само како десерт. Може дури да ја замени ужинката, во дополнение со кекс. Се сервира во стаклени, метални или керамички чаши или чиничиња кои се ставаат во соодветна тацна, а најдобро се јаде со лажиче. Секако, може да се стави и во корнети, што за децата преставува вистинско задоволство.
Првиот рецепт за подготовка на сладолед во Европа го донел Марко Поло во 13 век од Кина, а се смета дека во Кина сладоледот бил правен уште во првиот милениум. Во Европа стигнал преку Италија, каде што сицилијанските слаткари се истакнале како мајстори во правење на касато, а овде е подготвен првиот сладолед со млеко. Најмногу се прочул во 16 век во Франција, кога дворските готвачи со години ја чувале тајната на неговото подготвување. Во Англија, во времето на Чарлс Втори се служел само на дворот, а првиот рецепт за подготовка го објавила Мери Елис во 1718 година. Првата фабрика за сладолед била отворена во 1851 година во Америка, а првото масовно индустриско производство можело да почне на почетокот на 19 век, кога се усовршени уредите за ладење. Дури во втората половина на 19 век и обичните граѓани имале можност да уживаат во овој леден десерт.

Најверојатно сладоледот го “измислиле” Кинезите. Марко Поло во својот патепис “Милион” заборува за извонредно вкусни сладоледи кои ги подготвувале во дворот на Великиот кан. Старите Римјани, според записите од тоа време, исто така јаделе некаков вид сладолед: набивале снег во амфорите и ги закопувале во ладни места. Кога било потребно, било доволно само да измешаат мед и мелено овошје и да се создаде слатко достојна за божествена трпеза. Меѓутоа, било потребно да се чека инвазијата на Арапите за сладоледот да биде лансиран на пазарот. Арапите научиле од Индусите како со мешавина од сол, шалитра и калциум-хлорид сладоледот се замрзнува и многу уживале во него. За време на арапското владеење на Сицилија, Сицилијанците од нив научиле да го прават сладоледот. Потоа, италијанскиот сладолед се прославил низ целиот светот. А од 1500 година, кога еден италијански слаткар сервирал сладолед на свадбениот ручек на Катерина Медичи и францускиот крал Анри Втори, Французите јадат само италијански сладолед. Но и другите народи не можат да му одолеат на вкусот на ова слатко кое ја обиколи целата планета, а неговата популарност не може да се спореди со ниедна друга намирница.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë