VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Славе Круновски: Половина за нас, половина за пчелите

По истироскиот успех на македонскиот филм „Медена земја“ во која во главната улуга се пчелите, свеста за значењето на овие инсекти кои ја одржуваат рамнотежата во природата и животот на планетата Земја, многукратно се зголемија. Август е месец кој пчеларите го поистоветуваат со Нова Година, затоа што токму на сред - лето клучно е да се провери дали пчелините семејства имаат доволни количини мед за нивен опстанок, вели Славе Круновски, пчелар и земјоделски инженер

Најдобра храна за пчелите се медот и поленот кои се добиени од ливадската паша и само пчели кои се хранети со ваква храна можеме да очекуваме дека ќе бидат здрави и продуктивни. Сите замени за природна храна се некомплетни и не можат да одговараат по на севкупните потреби на организмот на пчелата. Кај македонските пчелари, пракса е во пролетниот и есенскиот период пчелите да се прихрануваат со шеќерен сируп како би се стимулирале да создаваат повеќе легла. Има повеќе начини и техники стимулот да се врши без притоа да се нарушат барањата на органското производство.
Во месец август кој пчеларите го поистоветуваат со пчеларската Нова Година , треба да се увериме дека пчелните семејства се обезбедени со доволни количини на мед. За нашето климатско подрачје и со нашата мариовска раса пчели таа количина изнесува 15 до 20 кг по семејство, вели Славе Круновски, земјоделски инженер по професија, кој со години одгледува пчели кои му се хоби и најголема пасија. Стимулацијата од овој период неретко ја врши тивката есенска паша, односно внесот на мали количини на нектар обезбедува полагање на јајца од страна на матицата што значи обезбедувзње млади пчели работнички кои треба да ја преживеат долгата зима и да го понесат товарот на пролетниот развој.

Доколку природната медоносна вегетација на одредени локации не го обезбедува тоа, потребно е доколку има можност да се засеат култивирани медоносни растенија кои цветаат во тој период, објаснува тој. Крајна мерка за стимулација е додавање меден сируп во хранилките во порции од по 200 гр. на секои два дена во период од 10 денови. Оние семејства кои не обезбедиле доволни количини зимска храна трба да се обезбедат со храна од семејствата кои имаат вишок. Во тој случај трба да се обезбедат полни рамки со мед и поленов прав и да се дадат на тие кои имаат недостиг. Во ситуции кога имаме одреден недостиг кај одреден дел од семејствата, а не можеме да обезбедиме доволно од останатите дозволено е додавање на шеќерен сируп приготвен од органски шеќер.

Во зима додавањето на шеќерно -медни погачи приготвени од органски шеќер и мед е дозволено, но при приготвувањето на истите не е дозволено додавање на додатоци антибиотици , синтетички биостимулатори кои би ги нарушиле пропишаните правила. Кај еден дел од пчеларите постои пракса во зимскиот период кај пчеларниците освен обезбедениот мир да не интервенираат со додавање на храна. Оваа пракса се повеќе се применува и е за препорака.
Круновски советува дека во пролет, кај нас во месеците март и април најдобро е стимулацијата да се врши со отклопување на крајните рамки со запечатен мед. Јаките семејства веднаш да го откриваат истиот и го транспортираат до леглото. Со тоа се создава чуство кај матицата дека во природата почнало нектаролачењето и таа брза да положи што поголем број на јајца, како би се развило пчелното семејство и би собирало што повеќе резеви храна. Истото може да се постигне и со додавање на редок раствор на мед со питка вода или чај.

Б.Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë