VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Сертификација на преработки од органски производи

Под преработки се подразбира преработени органски производи било да се од животинско или растително потекло кои се составени од еден вид производ или комбинација од повеќе. Во секој случај за сертифицирање органски преработки неопходно е да се поседува суровини кои поседуваат сертификат за органско производство.

Најважно при овој вид производство е да се обезбедат потребните документи кои се однесуваат на суровините и нивниот статус, документи со кои истите влегуваат во процесот на преработка и излезни документи со кој се заокружува целокупниот систем на следливост за одреден производ.
Дозволено е во одредена производна линија да се произведува и оргаски и конвенционални производи, но мора да постои документирани докази кои ќе обезбедат дека постои оддвојување по време или простор, а се со цел да не дојде до мешање на конвенционалните со органските производи.
При складирање на суровините, материјалите и готовиот производ мора да постои уредно етикетирање како не би дошло до мешање на производи од различни реколти, шаржи или статуси.

Сите постапувачи кои преработуваат, сушат, замрзнуваат, чистат, мешаат, пакуваат или етикетираат органски производи по собирањето, треба да бидат сертифицирани.
Потекло на органските суровини:
Сите постапувачи по собирањето мора да знаат дека само сертифицираните органски суровини можат да бидат преработени во органски производи.
Разделување:
Некои преработувачи произведуваат само органски, но повеќето и органски и конвенционални производи;
Последните преработувачи треба да постават добар систем за разделување на органските производи од конвенционалните: од моментот на прием на суровините, преку сите чекори за преработка, просториите за складирање па сè до продажбата. Разделувањето мора исто така да биде запазено меѓу органските и производите во преод или производите сертифицирани според различни стандарди.
Најдобрата поделба е просторната: да има одделни складишта и линии за преработка во органски и конвенционални производи.
Во случај, да не може да се спроведе просторно разделување, потребно е временско разделување на преработувањето на органски и конвенционални производи. Односно преработката да се врши во различно време на иста линија со спроведување на соодветен режим на чистење помеѓу преработките.

Во случај на непрекинати процеси (на пример, мелници), операторот мора да се осигура дека на почетокот на органската преработка, разумно количество на органски производ се користи за “прочистување” на линијата и истиот да се продава како конвенционален.
Контрола на паразити по собирањето, санитација, загадувачки супстанции:
Операторот мора да осигура дека органскиот производ нема во ниту еден момент да дојде во контакт со загадувачките супстанции како што се горива, пестициди, заштитни материи за дрво, детергенти, мувла, итн.
За чистење, санитацијата и контрола на паразити во преработувачките линии, за ЗОЗП на РМ треба да се почитуваат правилата за добра производна пракса , Преработувачот мора да преземе неопходни мерки за да го избегне загадувањето со детергенти, средства за дезинфекција или пестициди.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë