
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Сезоната на смрчакот е во месец мај
Смрчакот е една од највкусните и најбараните печурки на пазарот. Се користи и во јадења со месо, и во вегетаријански оброци, се полни, се става во супа и се подготвува на многу начини. Вообичаено е многу ретка и се појавува само неколку недели напролет, во зимзелените шуми.

Расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Во многу голем број се јавуваат на опожарени места. Смрчакот е извонредно вкусна и многу ценета печурка.
Смрчакот е богат со протеини, масти, растителни влакна, јаглено-хидрати. Оваа печурка исто така има лековити својства вклучувајки анти-тумор ефект, имуно регулаторни својства и анти-вирусни ефекти.
Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка.
Шапката е висока од 4 до 12 сантиметри и широка од 4 до 8 сантиметри и има овална форма. Од врвот на шапката кон дното се спуштаат ребра кои се попречно преградени и создаваат јами, па целата површина потсетува на пчелино саќе. Ребрата имаат различни нијанси на окер и кафеава боја, а јамите се посветли. Шапката и дршката се потполно споени.
Дршката е висока од 3 до 8 сантиметри и
широка од 1,5 до 3 сантиметри; има нечисто бела до светло жолта боја; набрчкана е и зрнеста, а кон основата се проширува. И шапката и дршката се шупливи.
Месото е крцкаво, со белузлаво до светло розова боја, со сладок вкус и пријатен мирис.
Живеалиште: Расте на песочно или глинено тло, на отворени места (полиња, ливади, пасишта)
или во листопадни шуми (топола, даб). Плодното тело расте во помали групи, а ретко поединечно.

Слични и сродни видови:
Не постои можност за замена со некој друг вид. Светлата боја на шапката (окер или светло кафеава) и површината која што потсетува на саќе ја разликуваат од останатите видови печурки.
Делови кои се собираат: Плодното тело.
Време на собирање: Во зависност од надморската височина, собирањето се врши од средината на март до крајот на мај.
Алатки за собирање: Собирањето се врши исклучително рачно.
Метод на собирање: Се собираат со завртување, со цел да се зачува мицелиумот неоштетен. Полека се завртуваат и внимателно се извлекуваат од почвата. Местото од кое е извлечено
плодното тело се покрива со супстрат. Се собираат здрави печурки со цела дршка. Особено се ценети примероците чијашто шапка не е повисока од
3 - 4 сантиметри. За собирање се употребуваат сламени кошници.
На местото на собирање треба да се остават најмалку 20% недопрени печурки. Плодните тела не смеат да се корнат ниту да се сечат со нож. Не се собираат незрели, недоволно развиени (дијаметар на чадорчето помал од 2 сантиметри) или стари и црвливи примероци и оние кои се наоѓаат во близина на сообраќајници или депонии.
Третман по собирањето: Плодните тела главно се сушат. Прво се чистат и се сушат на сонце или во сушилница.
А. Г.
