
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Нутриционист
Пченка
Пченката (Zea mays) е значајна житна култура за која е докажано дека е богата со антиоксиданси, а воедно е и многу значајна заради нејзиниот нутритивен состав.

Пченка
Пченката (Zea mays) е значајна житна култура за која е докажано дека е богата со антиоксиданси, а воедно е и многу значајна заради нејзиниот нутритивен состав.
Пченката е добар извор на растителни влакна кои го намалуваат холестеролот во крвта и го регулираат крвниот притисок. Поради влакната и протеините што ги содржи, пченката е добра за регулирање на гликемијата. Исто така влакната помагаат при запек (констипација) и овозможуваат побрзо отстранување на штетните материи од организмот.

Пченката е богата со витамин Ц, кој е важен за обновување на ќелиите како и за силен имунитет, потоа со магнезиум кој е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите. Богата е со Б витамини кои се важни за енергијата на метаболизмот, витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот. Пченката, исто така, е богата и со антиоксиданси, кои се од исклучителна важност за здравјето. Богата е со моќните антиоксиданс заексантин и лутеин кои го подобруваат и штитат здравјето на очите.
Пченката е житарка која овозможува добра исхранетост на нашиот организам поради тоа што ја подобрува искористливоста на некои витамини и минерали, а во нејзиниот состав не содржи глутен и претставува безглутенска житарка која наоѓа голема примена во исхраната, и може слободно да ја консумираат лица кои што имаат целијакија (неподносливост на организмот на глутен).
Бузлевски Илија
