
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Престанува да важи одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи
Заврши вонредната состојба согласно петтата одлука што ја донесе претседателот Стево Пендаровски минатиот понеделник. Според Министерството за економија, трговците повеќе нема да имаат обврска да почитуваат одлуки што беа врзани со траењето на вонредната состојба.

Цените за повеќе стратешки производи до денеска се замрзнати на нивото oд 11 март 2020 година, но од денес, тие може слободно да се формираат. Престанува да важи Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, а која се однесуваше на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезифекциони средства, потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати.

Веќе не важи и Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, со што престанува да важи обврската за формирањето на цени за портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони. Со одлуката наменета за вонредната состојба, маржата, односно разликата меѓу набавната и продажната цена, во трговијата на големо можеше да биде најмногу 10 проценти, а во трговијата на мало 15 проценти.
Не постојат ни ограничувања во однос на извозот на пченица затоа што престанува да важи Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица, како и издавањето на дозволи за извоз на брашно од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи.
А. Г.
