
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Превземени мерки за безбедно производство и дистрибуција на храна
Од Стопанската комора информираат дека согласно стратегијата на владата преземени се мерки за безбедно производство и транспортирање на земјоделски и прехрамбени производи и услуги

Членките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија се во активна меѓусебна комуникација и ги преземаат сите мерки за превенција од Корона вирусот за безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите кои ги нудат, согласно насоките дадени од Министерство за здравство, истакна Ѓорѓи Петрушев, претседател на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанска комора на Македонија.

Воедно, компаниите упатуваат апел до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од Корона вирусот, да не подлегнуваат на паника и панично купување прехранбени производи.
Истовремено, Здружението упатува апел до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор за формирањето на дезобариери на влезот во своите компании низ кои ќе минуваат возила кои вршат превоз на луѓе и дистрибуција на нивните производи.
Б.А.Н.
