
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Нутриционист
Праз
Празот е нискокалоричен зеленчук кој содржи голем број важни флавоноидни антиоксиданси, витамини и минерали, кои имаат докажано позитивно влијание врз човековото здравјето.

Праз
Празот (Allium ampeloprasum, syn. Allium porrum) е зеленчук кој заедно со кромидот и лукот припаѓаат на родот Allium, но за разлика од нив има помалку нападен вкус и мирис.
Празот е нискокалоричен зеленчук кој содржи голем број важни флавоноидни антиоксиданси, витамини и минерали, кои имаат докажано позитивно влијание врз човековото здравјето.
Нутритивниот состав на празот го сочинуваат: витаминот Ц, витаминот К, бета каротен, а од минералите најзастапени во празот се манган и натриум.

Една од главните компоненти што го прават празот посебен, а и близок до лукот, е алицинот со докажано антибиотичко дејство, кој го прави имунитетот силен и отпорен, а и помага за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Празот содржи флавоноид кемпферол кој ги штити крвните садови од оштетување, вклучувајќи го и оштетувањето предизвикано од оксидација и се сметаат за успешен во превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Празот е значаен диуретик кој го поттикнува излачувањето на токсини од организмот и е богат со целулоза со што го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата. Покрај ова, празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.
Бузлевски Илија
