
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
По празниците, време е за детоксикација
По обилните гозби и слави, на кои трпезите се полни со тесто, месо и колачи, следи време на чистење на организмот

По сармите, кифличките, руската салата, месото и колачите, се разбира зачинети со алкохол и газирани пијалоци, време е за чистење на организмот. Постојат низа намирници кои можат да помогнат да се прочисти организмот и првенствено црниот дроб од прејадување.
Авокадо, домат и спанаќ
Сите три намирници се богати со глутатион. Ова е антиоксиданс присутен во телото, а неговата улога е да ги заштити клетките и да го исчисти организмот од тешки метали.Исто така го поттикнува производството на ензимите што ја варат храната и оние на црниот дроб.
Цвекло и морков
Покрај глутатионот цвеклото и морквот, се богати и со флавоноиди и бета каротен, што му помага на црниот дроб да се регенерира и да ја изврши својата прочистителна улога.

Зелени зеленчуци
Богати се со хлорофил. Овој асимилативен пигмент може да ги апсорбира токсините и да ја прочисти крвта од тешките метали.
Брокула, зелка, радич и ротквички
Со консумирање на овие зеленчуци се зголемува производството на ензимот глукозинол во телото, со што се елиминираат канцерогените и останатите отровни материи.
Јаболка
Јаболката се богати со пектин и го олеснуваат процесот на чистење на црниот дроб. Сокот од јаболка исто така се препорачува за детоксикација на црниот дроб.
Билни чаеви
Коренот од глуварче му помага на црниот дроб да ги разгради мастите. Зелениот чај богат со антиоксиданси како катехинот, исто така е одличен детоксикатор. Чајот од рузмарин овозможува поттикнување на лачењето на жолчните киселини, со што се олеснува варењето на храната.
Портокал, грејфрут и лимон
Покрај тоа што содржат глутатион, овие цитрусни овошја се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси.
Куркума и лук
Куркумата која потекнува од Индија има мноштво лековити својства. Помага во детоксикација на црниот дроб, ја подобрува работата на жолчката и ги чисти каналите. Лукот има заштитна улога во детоксикацијата на црниот дроб и содржи многу природни фактори како алицин и селен, кои се одлични прочистувачи на целиот организам.
Тврдо овошје
Оревите, бадемите, лешниците и сите останати апетисани од оваа група, се одличен извор на омега-3 масни киселини. Тоа значи дека со нивното консумирање од црниот дроб полесно се исфрла амоњакот, а исто така се поттикнува и поголема оксигенизација на крвта.
Б.А.Н.
