VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Почна изградбата на системот за наводнување-Славишко поле

Досегашниот застарен систем за наводнување во атарот на Општината Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој, граѓаните на општината ќе добијат модерен систем за наводнување кој ќе обезбедува вода за наводнување за преку 200 хектари земјоделска површина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и шефот на делегацијата на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар присуствуваа на отпочнување на работите на системот за наводнување Славишко поле- општина Ранковце. Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека системот за наводнување Славишко Поле е исклучително важен проект за развојот и иднината на општина Ранковце.
Овој проект е особено значаен затоа што е од непосреден, директен интерес на преку 1500 жители од населените места Псача, Петралица и Гиновци, од кои мнозинството од населението се занимава со земјоделство и сточарство“, подвлече претседателот на Владата Спасовски.

Тој истакна дека досегашниот застарен систем за наводнување во атарот на Општината Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој, граѓаните на општината ќе добијат модерен систем за наводнување кој ќе обезбедува вода за наводнување за преку 200 хектари.

„Тоа значи дека со изградбата на новиот систем за наводнување, голема површина од обработливо земјиште во општината и околните села, кое во моментов е без вода, конечно ќе биде употребливо и ќе биде ставено на располагање на земјоделците. На овие наши сограѓани ќе им се овозможи да обработуваат 5 пати поголема земјоделска површина со стабилен систем за наводнување, со што ќе се создадат услови за замена на постоечките култури со некои попрофитабилни култури, со поголема додадена вредност“, потенцираше премиерот Спасовски.

Воедно тој посочи дека дека придобивката од овој нов систем е одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето овде имаат традиција, на начин што ќе се почувствува за целото општество. Сепак, најважно од сè е што сега се отвораат можности за зголемување на економската стабилност на семејствата на земјоделците од овој крај.

„Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија. Затоа како Влада посветуваме посебно внимание на политиките кои ги спроведуваме за овој сектор, со посебен акцент на развојни мерки и проекти за забрзан раст на оваа стратешка економска гранка. Преку ефикасно управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Владата изминативе три години интензивно работи, ќе се овозможат доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини“, посочи премиерот Спасовски.

Тој срдечно се заблагодари на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, на амбасадорот Жбогар, и на сите од неговиот тим што помогнаа да се прифати и да започне реализацијата на овој систем за наводнување како дел од проектот на Европската унија за изградба на „Мали ниско трошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, преку ИПА програмата за земјоделски и рурален развој.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски објасни дека системот за наводнување „Славишко Поле“ е финансиран од „Инструментот за претпристапната помош –ИПА“ на Европската унија, во вредност од близу 1,7 милиони евра.

„Овој систем се наоѓа долж реката Крива Река, што е практично и локацијата на која се проектирани зафатите, која има просечен проток од 2.750 литри во секунда. Постоечкиот систем за наводнување се состои од привремен зафат на Крива Река, со кој што во моментов се наводнуваат само околу 40 хектри. Со изградбата на новиот систем ќе се овозможи наводнување на нови 200 хектари земјоделско земјиште, кое досега не можеше да се наводнува. Од новиот систем ќе имаат придобивка повеќе од 250 домаќинства од општина Ранковце кои се занимаваат со земјоделство, конкретно од околните села Гиновци, Псача и Петралица“, потенцираше министерот Димковски.

Министерот објасни дека ефикасното наводнување на површините преку новиот систем ќе придонесе за 3 пати поголем приход, од оној што сега го остваруваат земјоделците од хектар површина, што крајно ќе влијае врз подобрување на животниот стандард.

„Изградбата на овој систем е дел од проектот финансиран од ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со којшто е предвидено изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата. Во тој контекст, изразувам голема благодарност до Делегацијата на Европската унија, за поддршката којашто ја добиваме за развој на македонското земјоделство. Водата е главниот ресурс за стабилно и конкурентно земјоделско производство, за намалување на увозната зависност. Затоа, во овие три години како ресорно министерство, се фокусиравме на реализација на повеќе крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура, коишто на среден и на долг рок, ќе придонесат за зголемување на наводнуваните површини и заодржливо и модерно земјоделство“, истакна на крај на своето излагање министерот Димковски.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар истакна дека одбележуваме почеток на нова серија на инвестициски проекти од страна на Европската Унија во сферата на земјоделството, кој што е вреден 6 милиони евра.

Tој објасни дека системите за наводнување не се само клучни од економска гледна точка, тие исто така се клучни во поглед на животната средина. Во согласност со „зелениот договор“ на Европската Унија секоја економска активност која ќе биде преземена ќе мора да ја заштитува и животната средина, се со цел да се избегнат разорни последици коишто се предизвикани од климатските промени, и ова е новата стратегија за раст на Европската Унија којашто не тера да ги користиме предизвиците и не само тоа туку да ги претвориме во можности. Исто така од другата страна Европската унија инвестира во мали системи за наводнување на локално ниво, затоа што ЕУ охрабрува ефикасно користење на водата во сферата на земјоделството исто така промовира штедење на енергијата преку користење на гравитацијата како и штедење на водата преку употреба или користење на затворен тип цевководи.

Градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски објасни дека инвестицијата е наменета за изградба на мали системи за наводнување со цел модернизација на земјоделието и создавање можности за економски развој на малите држави, како претпристапна помош во ЕУ .

„Системот за наводнување кој во моментот е во фаза на изведба, се протега од двете страни на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка со главен цевковод во должина од 6.225 метри споредна мрежа со вкупна должина од 20.524 метри. Односно ќе служи за наводнување на 200 хектари обработлива површина од Славишко поле во атарот на селата Псача, Петралица, Гиновци и мал дел од Љубинци и Одрено“, го објасни проектот градоначалникот Тошевски.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë