VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Потврдено присуство на болеста Син јазик во Македонски Брод и Кичево

По пријава од надлежно ветеринарно друштво минатата недела, заради сомнеж на болеста Син јазик кај овци и кози на територија на општините Македонски Брод и Кичево, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе епидемиолошко испитување во овие региони при што се земени примероци од сомнителните животни и по извршените лабораториски испитувања спроведени од страна на Факултетот за ветеринарна медицина. Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди појавата на болеста Син јазик кај 12 грла овци во две одгледувалишта во село Грешница (општина Македонски Брод) и во едно одгледувалиште во село Свињиште (општина Кичево).
За да се спречи ширење на болеста, АХВ донесе решение за спроведување мерки на одгледувалиштата каде е потврдено присуство на болеста.

Сточарите на кои ќе им бидат одземени животните кај кои ќе биде потврдено присуство на болеста ќе бидат обесштетени. Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат присутни на терен и ќе ја следат состојбата со болеста во овие региони.

Стручните служби на АХВ ветеринарство ја пријавија болеста во Системот за нотификација на болестите кај животните на Европската унија (ADNS) и во WAHIS системот на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ.

Болеста син јазик не е зооноза односно таа не се пренесува и не е опасна за луѓето но, сепак, не треба да се консумира месо од заболено животно. Станува збор за вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (овци, кози и говеда). Синиот јазик се пренесува единствено преку каснување од инсекти (мушички) од видот Culicoides, во периодот на нивна активност (април- ноември), особено во услови на висока температура и влажност. Болеста не се пренесува од животно на животно, преку контакт.

Во нашата земја, присуството на болеста е последен пат евидентиран во 2015 година.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!