
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Пласманот на зелката станува потежок заради глобалната пандемија
Пандемијата со коронавирусот предизвикува неизвесност и стравување дали пролетниот род со зеленчук од струмичко ќе биде откупен и пласиран на традиционалните странски пазари

Откупувачите веќе алармираат дека странските партнери тактизираат и го сведуваат на минимум увозот на зелка од земјава. Блажо Витанов вели дека состојбите се менуваат од ден во ден иако биле надминати проблемите со недостиг од шофери за извоз.
На терен во струмичко веќе неколку дена се откупува пролетната зелка. Земјоделците кои вршаат берба стравуваат како ќе се одвиваат состојбите во иднина поради коронавирусот. Засега се задоволни од откупните цени.

Откупувачите велат дека албанскиот зеленчук со тамошните цени и понатаму преставува конкуренција на македонскиот кој се труди да ги задржи традиционалните европски пазари.
Производството со пролетна зелка кое годинава е на околу повеќе стотици хектари засега се извезвуа во земјите од поранешна југославија и во земјите од Источна Европа, но со намален обем.
А .Г.
