
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени за 2,9 %
Во првото тримесечје од 2020 година, откупот и продажбата на земјоделски производи во земјава е намален во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 4 290 605 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2.9 %.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 5.1 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 3.1 %.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: овошјето и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата.
Комплетниот извештај за откупот и продажбата на земјоделските производи, како и табеларниот приказ, изготвени од Државниот завод за статистика, може да се погледне на следниов линк:
Б.А.Н.
