VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Органско производство на капини

Капината се употребува како храна во свежа состојба, лек и суровина за преработка. Плодовите на капината поседуваат уникатни хранливи и лековити својства, па заради тие особини спаѓаат во доста барано и ценето овошје.

Капината успева на надморска висина до 600м. Поднесува различни типови на почва, лесно се размножува по вегетативен пат. Отпорна е на болести и штетници. Рожбата му е најбогата во третата година.
Растењето на капините е можно на планинските и помалку достапни места, така што овие терени можат да се искористат. Лошата страна на капината е тоа што е осетлива при транспорт.
Плодовите имаат голема ханлива вредност, делуваат профилактички, диетално-терапевтски, и имаат заштитна улога бидејќи содржат киселини, шеќери, минерали, пектини и други витамини. Во прехранбената индустрија се користи како одлична суровина за сок, вино од капини, оцет, сируп, џем, компот и желе.
Препорачани сорти на капини за органско производство: Thornfree(само во потопли подрачја), Loh nes, Cester thornless, Triple crawn, Karaka black, Helen и Loj taj.
На капината му е потребна влажна почва, избалансирано ѓубрење и наводнување. Капината не поднесува висока концентрација на калциум. Не се пожелни ветроти подрачја за нејзиниот развиток и исто така не е пожелно да се садат покрај грмушки заради заштита од штетници и болести.
Капината може да расти и во сушни услови и во области со системи за наводнување.

Агроеколошки услови за одгледување на капини
За да се даде што пореална оценка за квалитетот на природните фактори за производство на капини на одреден локалитет, потребно е да се одговори на тоа кои се барањата на капината во поглед на природните услови. Питомите култивирани сорти капини за разлика од дивите, зависно од потеклото, особеностите на сортата технологијата на одгледувањето имаат поголеми барања во однос на природните услови.

Односот на капините спрема климата
За одгледување на култивираните сорти капини најмногу одговараат умерено топли и умерено влажни подрачја. Од климатските фактори најголемо значење имаат, светлината, топлината (температурата), водата, односно влажноста - почвена и воздушна, ветерот, снегот. Успешен раст и развој на растенијата овозможува хармоничното делување на сите овие фактори на надворешната среднина, но улогата на секој од нив е специфична и конкретна.

Рентабилност на производството

Од аспект на квалитетот на економиката во производството на капини, особено се значајни следниве фактори: капината стапува во род веќе во втората година (а во третата дава полн род), вложените средства значително побрзо се враќаат во однос на повеќе овошни видови со исклучок на малини и јагоди, раѓа редовно и богато, добро се прилагодува на различни услови на одгледување, а бидејќи касно цвета доцните пролетни мразеви не и наштетуваат, поотпорна е на болести и штетници во однос на малината и е добро медоносно растение.

Покрај неспорно големото стопанско значење на производството на капини, треба да се имаат во предвид и одредени проблеми кои можат да се појават, како на пример отежнат пласман на производите во изразито родни години и падот на цената, големата осетливост на свежите плодови на неадекватен транспорт и др.

А. Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë