VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Organic

Органско градинарско производство

Градинарските култури треба да се одгледуваат близу до реките, на алувијални почви и на места каде има можност за наводнување.
Се препорачува одгледување на видови и сорти кои се специфични за регионот и
кои се адаптирале на условите кои владеат во тој регион.
Периодот на преод кај градинарските култури е две години а истиот може да биде
и намален.

За производство на градинарски растенија кои најчесто се одгледуваат како
едногодишни важат слични правила како и за органското лозарско производство.
Градинарските култури треба да се одгледуваат близу до реките, на алувијални почви и на места каде има можност за наводнување.
Се препорачува одгледување на видови и сорти кои се специфични за регионот и
кои се адаптирале на условите кои владеат во тој регион.
Периодот на преод кај градинарските култури е две години а истиот може да биде
и намален.
При одгледувањето на зеленчук може да се користат и тунели, пластеници или
стакленици кои се за препорака од повеќе причини:
- Заштитените услови овозможуваат елиминација на надворешните
метеоролошки услови и анулираат штети од преголеми количества дождови
кои условуваат развој на болести,
- Се зголемува вегетацискиот период одбегнувајќи ги касните и раните мразеви,
- Притисокот од штетни инсекти и наезда од птици е мала,
- Ризикот од контаминација од пестициди од соседни парцели е анулирана.
Негативна страна е што за подигање на истите, потребни се дополнителни
финансиски сретства .
При одгледување градинарски култури на отворено, потребно е да се води грижа да не
дојде до контаминација со пестициди од соседни парцели. Доколку парцелата граничи со
конвенционален насад потребно е да се преземат мерки и активности за намалување на
ризикот од контаминација. Најчесто применувана активност во за таа цел е подигањето
биобариера, која претставува садење/сеење растенија кои ке израснат доволно високо во
периодот на третирање на растеијата и ќе претставуваат заштитна пречка која ќе ги
спречи пестицидите да не дојдат во контакт со органските производи.
Услов за органско одгледување зеленчук е применувањето на плодоред, кој
претсавува менувањето на културите по време и место. Ова од причина што
монокултурното одгледување на еден вид растенија на иста површина не е дозволено
заради тоа што со ваквата пракса доаѓа до специјализација и концентрирање на болестите
и штетниците на една површина, што индиректно значи зголемена употреба на
пестициди. Исто така еден вид растенија користат одредени хранливи материи кои со
време стануваат дефицитарни што значи дека за рентабилно производство треба да се
додаваат специфичните хранливи материи кои се извлечени од предходните реколти.
Во плодоредот е пропишано со минимум 20 % од површините да се застапени
легуминозни видови растенија кои преку своите корени на кои во симбиоза живеат
микроорганизми што имаат способност да асимилираат азот од воздухот и да го
депонираат во почвата, со што истата ја прават поплодна. Дозволено е наместо
легуминозни видови да се користи зелено ѓубрење или сидерација односно засејување
некои растенија пр. спанаќ, маслена репка и сл. Кои продуцираат големи количини
биомаса која во одредена фаза се заорува со што директно се влијае на зголемување на
органскиот дел од почвата и подобрување на нејзината плодност.

Пожелно е доколку има услови површините по неколку години експлоатација да се
остават „да се одморат“, односно за време од една сезона да се изораат неколку пати без
да се одгледува растенија. На тој начин се врши притисок врз заразниот материјал од
болестите и се уништува семето од плевелните растенија.

За поуспешно искористување на површините пожелно е да се направи
неколкугодишен план на плодоред кој на произодителот ќе му обезбеди јасна слика при
припремата на ресурсите во периодот кој следува.
За контрола на болестите и штетниците во органското градинарско производство
постојат широка палета производи која секоја година е се поголема и збогатена со нови
препарати.

Еден од главните проблеми при органското градинарско производство и причина
за покаќување на производната цена на овие производи претставуваат плевелите. Во
органското производство употребата на хербициди е забранета. Затоа пак се користат
други техники и методи за порба против плевелите.

1. Рачно окопување или плевење
2. Користење мулч фолија која е со црна боја, која не дозволува преминување
сончева светлина до делот каде никнуваат плевелите со што е оневозможен
нивниот развој.
3. Машинско плевење претставува уништување на плевелите во рана фаза со
користење готови или импровизирани машини/алатки
4. Спалување на плевелот со посебни горилници за таа цел.
Бидејќи градинарското производство во текот на вегетацијата продувира органска
материја како делови од растенија, плевели, делови од плодови кои се отсрануваат при
берба и сл. истите може да се искористат за правење компост. При тој процес добро е во
компостираната материја да се додаде арско ѓубре. Потребно е неколку пати годишно
компостот да се превртува и да се влажни по потреба по што се добива квалитетен
материјал за производство на расад или за ѓубрење на површините.
Доколку растителната маса е заболена, потребно е истата да не се користи за
компостирање од причина што може да стане извор на зараза во наредните сезони.
Семето во органското производтво претставува исклучувачки фактор. Не е
дозволена употреба на ГМО семе или семе кое е третирано со синтетички фунгициди.
Дозволено е да се употребува органско семе кое е набавено од продавници за
семе или произведено на самата фарма или семе кое е конвенционално но истото не е
третирано со синтетички фунгициди. Доколку има потреба семето во органското
производство заради дезинфекција може да се третира со бакарни препарати (најчесто
син камен) или со пробиотички препарати кои имаат заштитна и биостимулативна
функција.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!