
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Оптимални температури за изведување на жетвата
Во текот на наредната седмица не очекуваат временски услови со поумерени температури на воздухот кои нема да го надминат 34-тиот степен, и би биле оптимални за изведување на жетвата во Пелагонија каде поголемиот дел од површините под пченица се спремни за жетва.

Променливото време со поладневна нестабилност која е карактеристична за изминатите денови, донесе обилни врнежи во Битолскиот дел од Пелагонија кои во изминатиот период беа дефицитарни, што допринесе за развој на пролетните окопни култури на кои им се закануваше проблем со сувата почва.
Ваквите временски услови ја прекинаа жетвата за кратко, но во секој случај добивката од врнежите е поголема од онаа на одложувањето на жетвата.

Стабилизацијата на времето во втората половина од седмицата на поголем дел од Републиката им овозможува непречени жетвени работи на земјоделците, додека температурите на воздухот се карактеристични за овој период од годината.
Во текот на наредната седмица не очекуваат временски услови со поумерени температури на воздухот кои нема да го надминат 34-тиот степен, и би биле оптимални за изведување на жетвата во Пелагонија, каде поголемиот дел од површините под пченица се спремни за жетва.
Ваквите временски услови ќе бидат оптимални и за рзвој на средностасните и касните сорти овошки и за виновата лоза каде имаме фаза на развој- пораст на бобиците.
Очекуваните временски услови во наредниот период треба да се одразат позитивно врз целокупното земјоделско производство.
Б.А.Н.
