VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Од денес отворени добиточните пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство денес донесе решение со кое од денес се отвораат за работа добиточните пазари на целата територија на земјава.

Пазарите беа затворени на 20 март годинава, како дел од превентивните мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на болеста КОВИД 19 кај луѓето.

На добиточните пазари согласно решението кое денес стапи на сила, се забранува ставање во промет на свињи, а работењето треба да се прилагоди согласно мeрките на Владата и препораките на Министерството за здравство. Движењето на пратки со животни може да се врши исклучиво ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба, ако животните се превезуваат директно во кланица, во собирни центри или на одгледувалишта кои ги исполнуваат биосигурносните услови.

Пред да се натоварат и по истоварот на животните, превозното средство треба да е соодветно исчистено и дезинфицирано, за што се издава потврда од страна на овластеното ветеринарно друштво. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни со непознат здравствен статус и во сите фази на движењето (товарање, превоз, истоварање и друга манипулација со животните) треба да се почитуваат сите мерки на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на болеста COVID 19 кај луѓето.

Животните кои ќе се најдат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот. Сите учесници во ветеринарната служба треба редовно да се информираат и да ги следат мерките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство.

Ветеринарните друштва редовно да се информираат и да ги следат заклучоците на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство. Активности не треба да се вршат во одгледувалиштата каде има лица кои се во самоизолација, а активностите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните во населените места во кои има лица заболени од вирусот КОВИД 19 да се остават последни, односно во овие области, ветеринарните активности од овој тип ќе се спроведат кога ризикот од КОВИД 19 нема да постои.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë