VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Одгледување повеќегодишен зеленчук

Повеќето видови на зеленчук се едногодишни растенија и треба да се посеат повторно секоја пролет. Сепак, постојат зеленчукови градини и други растителни видови кои ќе ви го олеснат работењето во градината и ќе ви овозможат да избегнувате сеење секоја година. Овие се повеќегодишни зеленчуци, зачини и други растенија кои што можеме да ги одгледуваме во нашите градини.

Зошто да се одгледува повеќегодишен зеленчук?
За да можеме полесно да работиме и да ги намалиме трошоците за одгледување зеленчук, можеме да избереме да сееме повеќегодишен зеленчук. Покрај тоа што ќе го избегнеме пресадувањето или сеењето секоја пролет, овие растенија честопати се првиот зеленчук што го береме во сезоната.
Откако ќе бидат засадени, тие ќе нè снабдуваат со свеж и здрав зеленчук многу години. Исто така, овие видови се поедноставни во однос на одгледувањето одколку едногодишните растителни видови, помалку се подложни на напади на штетници и заболувања.
Повеќето одгледувачи ќе помислат на артичок, аспарагус и рабарбара. Овие повеќегодишни видови најчесто се одгледуваат во нашите градини.

Артичоки на исто место три до шест години
Овој декоративен вид зеленчук, покрај тоа што се користи во гастрономијата, го најде своето место и во народната медицина. Треба да се заштити од студот во текот на зимата. Се одгледува заради цветот што се бере пред да процвета.
Се одгледува со сеење семе или садење садници што ги земаме од постарите растенија. Ако сакате да сеете семе од артичок, најдобро е да започнете со сеење во февруари. Ако земемете садници од постарите растенија, оставаме две силни рзграноци и ги отстрануваме другите. Најсилните треба да се засадени во тегли уште во март и се одгледуваат на топло место. Садењето на отворено се врши кога опасноста од доцни мразеви поминала. На овој начин, младите растенија ќе дадат цвет во истата година.
Артичоките, исто така, може да се сеат директно во градината во текот на април, но само ќе цвета следната година. Тие остануват на истото место три до шест години.

Аспарагусот може да живее и 20 години
За садење на аспарагус се користат едногодишни или двегодишни садници, но садници може да се одгледуват и од семе. Едногодишните садници лесно се вкоренуваат и продолжуваат брзо да растат, но за берба потребни се три години. Поради оваа причина, почесто се користат двогодишни садници.
Првата берба не треба да биде интензивна. Ако се отстранат сите или повеќето израстоци растението нема да може да се развие и ќе се уништи.
Аспарагусот останува на истото место петнаесет години, а со добра грижа едно растение може да живее и 20 години.

Рабарбара најчесто се одгледува со делење на коренот
Овој вид зеленчук е многу популарен во светот на колачите. Од него се подготвуваат компоти, желе, џемови, сокови, пити, колачи и торти.
Најчесто се одгледува со поделба на коренот, а може и да се сее.
Потребно е да се копа и да се прихранува со органски ѓубрива секоја година. Ова хранливо растение може да живее десет години и да нè радува со своите лиснати дршки што се користат во гастрономијата. Од лисјата можеме да направиме и растителен инсектицид со кој ќе ги ги заштитиме другите растенија.

Лековити растенија, зачини

Покрај овие растителни видови, може да се одгледуваат разни зачини.
Спанаќ, нане, маточина, повеќегодишен кромид, рен, киселец, оригано, мајчина душица, рузмарин, власец, лаванда се некои од многуте повеќегодишни видови што можете да ги одгледувате со години.

Искусните градинари оставаат неколку растенија целер и магдонос во зима. Ако зимата е блага или ако ги оставиме во стаклена градина, ќе имаме свежи лисја цела зима. Кога целерот и магдоносот ќе останат на отворено поле, во градината, овие растенија ќе започнат да растат првои и ќе се собираат први.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë