
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Одгледување на тиквичка
Тиквичката е едногодишно лијанско растение од фамилијата тикви (Cucurbitaceae), чиј плод се користи во човечката исхрана

Постојат разни теории за потеклото на тиквичката – некои тврдат дека потекнува од Азија, конкретно од Индија, додека други тврдат дека потекнува од Америка, поконкретно од Мексико и дека во Европа ја донеле шпанските конквистадори.
Меѓутоа, оваа теорија не делува веројатно бидејќи тиквичките се споменуваат во староегипетските записи, а исто така постојат и докази дека ја познавале и античките Римјани.

Тиквичката бара многу светлина и топлина. На температура пониска од 10 °C, растението престанува да расте. Треба доста да се наводнува, а земјата да се одржува влажна, но треба да се води сметка за влажноста затоа што тиквичката е склона на габични заболувања.
Земјата на која се сади треба да биде растресита, длабока и по можност песоклива. Стеблото би требало да се потпре со потпорни стапови, бидејќи плодовите се многу тешки, па тежнеат да се спуштат на земја, со што плодот би бил поизложен на растителни болести.
Тиквичката содржи многу мала количина калории, 17 калории на 100 грама, и како такво се препорачува во диетите за слабеење. Освен тоа, тиквичката е природен диуретик, па во народната медицина се користи за исфрлање на излишната течност од организмот, а се верува дека го снижува холестеролот и ја прочистува крвта, а исто така ја подобрува и концентрацијата. Тиквичката содржи и значајни количини на витамин Ц.
А. Г.
