VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Одгледување на питомиот костен

Костеновото дрво е мошне трајно и особено издрлживо при изложеност на временските услови

Костен (науч. Castanea) — род од осум до десет вида на листопадни дрва и грмушки од фамилијата буки (Fagaceae) со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото.
Плодовите на питомиот костен ја прочистуваат нашата крв и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат и многу енергија бидејќи содржат многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Старите народи ги користеле за јакнење на организмот, додека во средниот век плодовите на питомиот костен се сметале за важна намирница во исхраната. Исто така, познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите со костени на подрачјата кои ги освојувал, само за да го уништи основниот извор на храна на локалните жители.

Во Македонија питомиот костен е распространет на неколку локации и тоа: во Дебарско – Струшкиот регион. Гостиварско – Тетовскиот. Кичевскиот регион, Битолско – Прилепскиот регион, на Скопска Црна Гора и во други региони во источниот дел на Македонија.

Иако костенот е значајна култура и неговото одгледување е доста рентабилно и ефикасно, кај нас одгледувањето е крајно занемарено и се среќава само во спонтани природни популации по региони. Питомиот костен бара повеќе топлина и светлост. Бара изедначена температура, слабо поднесува големи амплитуди и не поднесува варовити, премногу тешки, непропустливи и премногу влажни почви. Питомиот костен бара кисела почва (рН 4,5-6), длабоки и умерено влажни почви. Доволно богати со хумус (шумски кисел хумус) и минерални материи, особено калиум и железо. Костенот е еднодомно растение, машките цветови се во долги цилиндрични реси и стојат во основата на листовите. женските се по два-три и се сместени при основата на машките Костенот цути во јуни и јули, автостерилен е. Поленот се пренесува со ветер и со инсекти. Дава изобилен нектар и цути кога другите овошни видови одамна се прецутени и како таков пчелите многу го посетуваат. Плодовите од костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни и може да се чуваат долго време. Плодовите се чуваат на студено место на температура од 0°С и релативна влажност од 85% и при вакви услови може да се чуваат до април. Плодот од костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб 38-42%, шеќер 22- 29%. масти 3-7%, белковини 5-6%, витамин С, калциум, калиум. железо и др. корисни материи. Плодовите може да се користат за свежа употреба. но и во разни видови кондиторски производи. Од лушпата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат значење и во фармацевтската индустрија.

Питомиот костен се размножува генеративно со семе и вегетативно, со изданоци – калемење. Калемениот костен многу порано прородува и дава поквалитетни и покрупни плодови. Калемењето се врши со спојка, а исто така и под кора. Калемениот костен прородува во 3-4 година, а периодот на полна родност настапува околу 15-тата година. Подготовката на земјиштето за подигање нов насад од костен е слична како и за другите овошни култури. Претходно теренот треба да се исчисти од крупни камења. од жбунови, од жили од претходни растенија и др. Потоа се пристапува кон риголување на длабочина 60-80 см. Површината се израмнува за да потоа се изврши орање и подготовка за садење. Садењето се врши во дупки со длабочина 70-80 см. Во текот на садењето кореновите жили се прекратуваат за 1/3 и се потопуваат во балега од прегорен гној, земја и вода. Добро е да се додаде и по 2 кг (МРК 0:15:30) ѓубриво кое не треба да биде во директен контакт со кореновите жили. Ако се сади во есен, кога е и најпогодно време, садниците не се залеваат со вода, туку околу стеблото се нафрла земја во вид на хумка со висина од 15 см и така се остава до пролет. Ако, пак. садењето се врши во пролет. околу секоја садница се прави чинија и се полива со 8 – 10 литри вода. Кога водата ќе се впие во земјата. чинијата треба да се покрие со ситна земја или со прегорено арско ѓубре со дебелина 4-5 см. Садниците при садењето се прекратуваат, а понатаму резидбата е незначителна и се сведува на механичко чистење и насочување на круната која би требало да биде во форма на пирамида. Изданоците кои потеруваат потребно е редовно да се чистат Бројот на стебла на хектар се движи од 120 до 150 броја. а приносот се движи од 3 до 5тони на хектар.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë