VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Одгледување на пиперка

Пиперката е еден од најзастапените градинарски производи кај нас. За да се добие квалитетен плод, треба да се обрне големо внимание на целосниот процес на одгледување. Пред да започнете со одгледување, треба да се видат климатските услови, да се внимава на времето на сеидба, наводнување, да се користат соодветни ѓубрива и да се применуваат постбербените активности

Климатски услови

Оптимална температура при сончево време е 25°С, а при облачно 18-20°. Отстапувањата за 5-7°С не се одразуваат негативно врз развојот и плодоносењето. Семето најбрзо ‘рти и поникнува при 30°С. Најголем број цветови се развиваат и заврзуваат плодови при дневна температура од 25°С, а ноќни 16-21°С.

Највисоки приноси се постигнуваат при дневна температура 25°С, а ноќна 20°С и температура на почвата од 25°С. При температура над 32°С и под 15°С ги отфрла цветовите и плодовите. Растенијата престануваат со по- растот и развојот при температура под +5°С и над 38°С. Прекинува со сите животни процеси при температура од – 0,3 до 0,5°С

Најинтензивен развој на надземните растителни делови се постигнува при влажност на почвата 70-80% од максималниот воден капацитет и релативна влажност на воздухот 60-70%. Наводнување на 7-10 дена со 30-40 литри вода на квадратен метар.

Оптимална температура во заштитен простор при сончеви денови е 25-28°С, а при облачно е 22-25°С. Температурата не смее да пад- не под 16°С, не треба да има големи температурни амплитуди помеѓу дневната и ноќната температура.

Релативната влажност да биде 60-70%, а влажноста на почвата 70- 80% од максималниот воден капацитет.

Ѓубрење

Минерални ѓубрива: за средно плодни почви (за принос 30-40 т/ха) потребно е да се употребат 120-140 кг/ха К 80-100 кг/ха Р2О5 и 100-160 кг/ха К2О.
Основно ѓубрење: Свежо арско ѓубре (октомври или ноември). Прегорено арско ѓубре (февруари и март) 40-50 т/ха

Сеидба

За 1 ха потребно е да се обезбедат 55.000- 60.000 растенија расад. За рано производство потребно е 20-25 грама семе за 1 м2, за среднорано и доцно производство 12 грама семе за 1 м2. Покривање на семето со дезинфициран и просеан компост или тресет 1,5 см. Семето да се покрие со три пати подебел слој од пречникот на семето.

Прихранување на расадот да се направи два пати, прв пат во фаза на првите два постојани листа и втор пат 15-20 дена подоцна. На десет литри вода се ставаат два грама азотно ѓубре (КАМ и четири грама фосфорно ѓубре и со таа суспензија се поливаат 3 л/м2. Потоа расадот се измива со чиста вода. Прихранувањето се извршува при облачно време или приквечер фолијарно со фолијарни ѓубрива збогатени со микро и макро- елементи. Добар расад е од 15 до 18 см со 6-8 добро развиени листови, стеблото да биде збиено и еластично, со добар корен и бочни коренчиња.

Расадување

Крупноплодни сорти
Расадување во редови: 70-80 см (меѓуредово) х 30 см (редово)
Расадување во дворедни ленти:
90 (меѓуленти) х 60 (ленти) + 60×30 (редово)
Окопување по 15-20 дена од расадувањето. Прихранување да се направи два пати на база на извршена агрохемиска анализа, првото по 25-30 дена од расадувањето со КАN во доза од 300 кг/ ха, а второто 20-25 дена по првото во време на интензивното растење на плодовите, а со комбинација од азотни и NРК ѓубрива. Практично, треба да се земат 200 кг/ха КА^ и 200 кг/ха NРК (10:30:20 или 15:15:15). Ако е потребно, се врши трето прихранување по првата берба на технолошки зрелите плодови со иста мешавина во количество од 300 кг/ха.

Наводнување

Влажност на почвата 70-80% од максималниот воден капацитет. Највисок принос се постигнува со температура на водата 20-22°С. Од средината на јуни, па до крајот на август наводнување на секои 7-10 дена. При прекумерно наводнување, посебно на тешки почви, заостанува порастот, лисјата жолтеат, цветовите паѓаат.

Берба
Берба на технички зрели плодови кај: Краткоплодни сорти: 60-65 дена по расадувањето.

Oбработка на почвата

По прибирањето на реколтата во есен, обработка на 10- 15 см. Во ноември и декември длабоко орање на 30 см со внесување на свежо арско ѓубре. На алувијални и песокливи површини, обработка кон крајот на зимата, февруари, почетокот на март, кога се користи само прегорено арско ѓубре.

Обработка пред садење во втората половина на април со браносување и ситнење. Ако во текот на зимата почвата е набиена, се препорачува ранопролетно плитко орање. Пред расадувањето да се внесе извесно количество минерални ѓубрива, предвидено за стартно ѓубрење (1/3 NРК + 1/3 КАN).

А. Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!