VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Одгледување на жалфија

Жалфијата е повеќегодишно растение од фамилијата Lamiaceae. Родот Salvia опфаќа околу 1000 видови растенија кои се распространети во средна и јужна Америка, средна и источна Азија, како и покрај Медитеранот.

Најзначаен вид од овој род е жалфијата Salvia officinalis. Жалфијата е висока од 50 - 80 cm и има разгрането стебло. Младата жалфија има зелјесто стебло, а подоцна при дното одрвенува. Жалфијата има силен коренов систем. Коренот е дрвенест и длабоко продира во почвата. Бидејќи развива голем број жили, може да се користи
против ерозија на почвата. Листовите на жалфијата имаат сива до светлозелена боја, со јајцевиден или издолжен копјевиден облик, со назабени рабови. Младите изданоци имаат светлозелена до виолетова боја, покриени со ретки или густи влакненца. Цветовите на жалфијата имаат синовиолетова боја, собрани во класести соцветија кои се состојат од 2-8 цветови, поставени на врвот на стеблото. Целото растение има карактеристичен ароматичен мирис и горчлив вкус. Цветањето започнува во мај и трае сѐ до крајот на јуни. Цветовите се богати со нектар и имаат многу пријатен мирис којшто ги привлекува пчелите. Плодот е округол, малку издолжен, со ширина 2 mm и должина 2-2.5 mm. Кога семето ќе созрее, обвивката станува тврда, со костенлива до темнокафеава боја. Масата на 1000 семки изнесува 6-8 g. Семето на жалфијата ја задржува ртливоста 3-4 години. Жалфијата е мошне отпорна на суша.

Агроеколошки услови

Животниот век на жалфијата е 5-7 години, но доколку технологијата на одгледување е лоша, родот ќе почне да се намалува веќе после четвртата година. Жалфијата е растение на топло поднебје, односно бара сува и топла клима, но добро поднесува и многу ниски температури. Р’ти на 12-15° C, може и при 6-8° C, но нешто побавно. Почетниот развој е мошне бавен, ретко цвета во првата година, а во втората процветува мошне рано. Во услови на континентална клима, цветањето започнува на почетокот на мај и трае до крајот на јуни. Плодовите споро созреваат, дури во август, а бербата е отежнета поради отпаѓањето на семето. За време на
вегетацијата, на жалфијата не и одговара влажно и студено време. На младите растенија потребна им е нормална влажност на почвата, додека старите растенија лесно поднесуваат долготрајни суши. Високите дневни температури благопријатно делуваат врз растот, како и врз приносот на етерично масло. Зима без снег, со јака голомразица, во континенталните краеви може да нанесе големи штети кај младите посеви, па затоа жалфијата може превентивно да се
покрие после втората косидба. Добро поднесува суша, но младите растенија добиени од директна сеидба за почетниот раст имаат потреба од прилично влага. Жалфијата не е осетлива на квалитетот на почвата, а најдобри резултати се постигнуваат на топли хумусни почви со добар водно - воздушен режим.

Плодоред
Како повеќегодишно растение, жалфијата лесно се вклопува во смена со сите растителни видови, без оглед на тоа кога тие се вадат од почвата. На иста површина може да се одгледува околу 10 години. Најдобри преткултури за жалфијата се оние кои почвата ја оставаат чиста од плевели.

Технологија на одгледување на жалфијата

Подготовка на почвата
Жалфијата успева секаде. Може да се одгледува и на помалку плодни почви, но треба да се избегнуваат мочуришни почви. Најдобри приноси се постигнуваат на растресити, пропустливи и почви богати со хранливи материи. Важно е почвата да се обработи навремено и квалитетно, со оглед на долгиот век на посевот. Жалфијата се сее само на почва која на есен е длабоко преорана. Површината на почвата на пролет треба да се израмни, а сите потребни операции треба да се спроведат со што помалку чекори со цел во почвата да се зачува влагата што е акумулирана во текот на зимата. На тој начин се добива растресит сеидбен слој кој што е неопходен за сеење на ситното семе од жалфија. На крајот на летото, треба да се изврши орање на длабочина до 30 cm. Доколку почвата е заплевена, во текот на есента може да се изврши уште едно плитко орање или тањирање.

Ѓубрење
За постигнување на добар принос на растителна маса и етерично масло, потребно е пред да се обликува посевот, со есенското основно ѓубрење во почвата да се внесе 30-40 kg/ha азот и 80-100 kg/ha фосфор и калиум. На пролет, на почетокотот на вегетацијата, треба да се внесе 30-40 kg/ha азот, којшто ќе го забрза никнувањето и почетниот раст на растението, а остатокот од 25-30 kg/ha азот се внесува веднаш после првата жетва. Фосфорот и калиумот се применуваат во фазата на мирување или на самиот почеток на вегетацијата. Рано на пролет со култивација на почвата, задолжително треба да се внесе комбинација на фосфор и калиум (по 40- 50 kg/ha), а после првиот откос да се прихрани со 25-30 kg/ha азот. Пожелно е да се користи и ѓубриво од калифорниски црви.

Сеење на жалфијата
Жалфијата може да се размножува со семе или расад. Директното сеење се врши на пролет, при крај на март или почеток на април, рачно или со сеалка. Бидејќи долго никнува, за почетниот раст треба прилично вода. Длабочината на сеење треба да изнесува 1.5-2 cm, a меѓуредовото растојание треба да биде 50-60 cm со растојание на растение од растение 25–40cm. За 1 ha насад од жалфија, потребни се 70-80 m2 расад. Семето директно на полето се сее со сеалка за што се потребни 8-10 kg/ha, или пак рачно се посејува во расадник за што се потребни помеѓу 3-5 kg/ha, со тоа што ртливоста на семето треба да е поголема од 80%. Доколку сеењето е извршено во оптималниот рок, веќе во првата година посевот може да се коси два пати. Расадот се произведува во леи, за 1 ha површина потребни се 250-300 m2 леи.
Семето се сее на растресита и богата со хранливи материи почва. За 1 m2 потребни се 8 - 10 g семе. За производство на поголема количина расад, семето се сее на меѓуредово растојание од 20 cm. Семето побрзо никнува во темница, па веднаш после сеидбата треба да се прекрие со слој плодна земја со дебелина од 1 cm. Сеидбата се врши на крајот на март и почетокот на април, а семето р’ти за 10- 15 дена. Во текот на летото, растенијата потребно е редовно да се залеваат и плеват. Расадот се пресадува во јули или на есен, во текот на октомври и ноември.
Пресадувањето може да се изврши и рано на пролет. Залевањето на расадот е задолжително.

Нега на посевот
Никнувањето на жалфијата почнува за 20-25 дена, a за тоа време никнуваат и бројни широколисни плевели кои треба да се уништат непосредно пред никнување. Посевот обликува редови и потребно е повеќе пати да се окопа и оплеви. Повеќегодишните растенија брзо растат па рано ги затвораат редовите, со што се намалува можноста за никнување на плевели, но задолжителна е негата со култивација, поради овозможување на воздушен режим на почвата. Генерално, негата на жалфијата вклучува проредување и пополнување на празните места, меѓуредова култивација, окопување, прихранување и заштита од болести и штетници. Во случај на размножување со директно сеење на семето, проредувањето се врши во фаза кога растението има 3-4 постојани листа. Се оставаат најразвиените растенија на растојание помеѓу редови од 20-30 cm. Извадените растенија може да се користат за пополнување на празните места. Меѓуредовата култивација и окопувањето се вршат веднаш после никнувањето на посевот, односно кога се формираат редовите, најчесто 2-3 пати во текот на вегетацијата. Во првата година на одгледување, окопувањето се врши почесто. Старите насади треба задолжително да се окопаат на крајот на вегетацијата, крај на есен или рано на
пролет. Притоа, може да се примени и ѓубрење со минерално ѓубриво. Првото прихранување треба да се изврши пред второто окопување, со примена на 100- 150 kg/ha азотно ѓубриво. Во текот на летото, прихранувањето може да се повтори. Второто прихранување се врши после првата жетва, заедно со окопувањето. На есен треба да се изврши ѓубрење со фосфор и калиум. Пожелно е да се користи и ѓубриво од калифорниски црви.

Косење на жалфијата
Растителната маса од жалфија служи за добивање на растителна дрога и етерично масло. Искосената растителна маса се суши, листовите се издвојуваат со триење или вентилирање и со дестилација се добива етерично масло. Жалфијата се коси во висина од 8-10 cm, бидејќи пониско косените растенија може да замрзнат во текот на зимата. Првата година жалфијата има најмал принос, прв пат се коси дури во јули, а втор пат, во почетокот на октомври. Од 1ha површина се добиваат 3000-5000 kg сува надземна растителна маса, 2000-3000 kg сув лист и околу 40 kg/ha етерично масло. Генерално, најголем принос на растителна маса се постигнува
после 3-5 години, а потоа постепено опаѓа. На плодни почви и со наводнување, може да се добијат двојно поголеми приноси. Повеќегодишната жалфија прв пат се коси веќе во мај, а втор пат кон крајот на септември. Приносот на свежа растителна маса од двата откоси може да биде 14-16 t/ha. Доколку жалфијата се употребува само за дестилација на етерично масло, се коси во полн цвет, на почетокот на јули. Доколку приносот по хектар при еден откос е 12 тони растителна маса и доколку содржината на етерично масло е 1.7 % во сува материја, се добиваат 20 kg етерично масло. Доколку жалфијата се одгледува за семе, треба да се коси кога семето е зрело во долната половина на цветот, односно крај на јуни и во текот на август.
Не треба да се чека целото семе да созрее бидејќи лесно отпаѓа. Од површина од 1 ha може да се добие 400- 600 kg семе.

Сушење на жалфијата
Листовите жалфија може да се сушат природно на воздух или во сушница при што првите 2-3 часа на 55°С, а подоцна на 40-45°С. Исушените листови се пакуваат во хартиени или јутени вреќи и чуваат на ладно и темно место. Жетвата треба да се врши при суво и сончево време. Доколку жалфијата се одгледува за производство на етерично масло, пред дестилацијата, покосената маса треба да се остави да овене. Доколку дестилацијата не може да се изврши веднаш после жетвата, растението треба да се исуши. Дестилацијата трае 2-3 часа.

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë