VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Колумна

Ноември во август!

Ако пред десетици милиони години подигањето на нивото на морето за само неколку сантиметри предизвикало целосно изумирање на диносаурусите, ледено време и пустош, што може да се очекува од проценката на климатолозите дека во наредното столетие глобалната температура на планетата Земја во просек ќе се покачува од 1,7 до 4,9 степени по скалата на Целзиус? Поради топење на мразот на половите, до 2050 година нивото на морињата ќе се покачи за цели 50 сантиметри. Без никакви претерувања или песимистички прогнози, предвидувањата говорат дека жителите на Земјината топка со новиот милениум влегоа директно во преткатаклизмичното, по кое следи катаклизмично време, во кое со голем степен на веројатност може да се очекуваат катастрофи од библиски размери!

Откако метеорологијата ги следи климатските промени, значи повеќе од 160 години, во последната деценија биле измерени убедливо највисоки температури. Причините за драстичното менување на климата во целиот свет се многубројни и комплексни.
До 18 век во Земјината атмосфера имало точно толку јаглероден диоксид (и други гасови) колку што е потребно за нормален живот на планетата. Кога во атмосферата не би имало јаглероден диоксид, времето би било ектремно студено: во просек минус 18 степени Целзиусови. Но овој баланс горе-долу бил нормален до пред неколку децении, од кога работата тргна надолу. Главен виновник за она што денес се случува со атмосферата и последиците кои ги чуствуваат сите живи суштества без исклучок, повторно е јаглеродниот диоксид. Со согорувањето на фосилните горива - нафтата, јагленот и плинот, нарушена е природната рамнотежа која овозможувала нормален живот на Земјата. Секоја година стотици илјади оџаци од тешката индустрија, како и стотици милиони ауспуси од моторните возила исфрлаат во воздухот повеќе од 5 милијарди тони јаглероден диоксид. Нашата планета е опкружена со густа и непробојна обвивка - стакленик, кој од година на година, од деценија во деценија се повеќе ја загрева животната средина (вода, почва, воздух) и ги предизвикува сите аномалии кои денес се чувствуваат, но - сигурно е - многу подрастично на своја кожа ќе ги осетат генерациите што доаѓаат!
Најочигледен пример за глобалното загревање е губењето на границата меѓу четирите годишни времиња. Практично, во последните десетина години годишните времиња се менуваат само календарски, а ,,на терен,, постојат само зима и лето! Жителите на земјава тоа многу добро го знаат. Според најновите прогнози и сценарија на експертите од ОН и Светската метеоролошка организација, просечната температура до 2100 година ќе порасне за 2,4 (најоптимистичка прогноза), односно за 6,3 Целзиусови степени (најпесимистичка прогноза). Во двата случаја, поради топењето на ледените и снежни површини на половите и на планините може да се очекува значително подигање на нивото на морињата и на океаните - за околу 80-тина сантиметри! Многу копнени површини на планетата – според предвидувањата дури до една петтина - едноставно ќе исчезнат. Од друга страна, глобалното загревање ќе предизвика и радикални промени на времето на микроплан. Ова значи дека за само неколку часови температурата ќе се спушти или ќе се покачи за 10 или 15 степени - појава што кај нас во Македонија не е непозната!
Периодот на вегетација, односно времето на активниот живот на растенијата во јужниот дел на Европа, значи и во нашата земја, последните 40 години е продолжен за 11 дена. Овој податок е обелоденет во проектот “Климатските промени и фенологијата во Европа”, кој опфаќа 27 меѓународни фенолошки градини од Европа – од Ирска и Финска на север до Португалија и Македонија на југ. Во не така далечна иднина може да се очекува продолжување на овој вегетационен период од 25 до 45 дена. Се предвидува и зголемување на недостигот на водата за пиење - во зависност од местоположбата и ресурсите на земјите - од 30 до 60 проценти. Сето ова ќе доведе до драстично изумирање на шумите. Поради зголемувањето на температурите и недостигот од вода, шумите едноставно ќе се селат на местата со повисока надморска висисна. Овој тренд постои и сега. Како последица од оваа “селидба” се јавуваат пожари. Не сме исклучок ниту ние а последнава деценија во летните месеци се регистрираат и по 500 пожари, а притоа неповратно исчезнуваат десетици хектари шума.

Климатските промени и економските гранки

Климатските промени несомнено ќе се одразуваат и врз сите економски гранки, од земјоделството до шумарството, а посредно и на прехранбените навики на популацијата, урбанизмот и воопшто на стилот на живеење. Експертите тврдат дека човештвото е се позагрозено од природните непогоди поради порастот на популацијата и зголемената концентрација на жители по градовите. Пред педесетина години само една третина од вкупното население - значи околу 2,5 милијарди луѓе - живееле по градовите. Денес во урбаните средини живее една половина од вкупната светската популација, иако градовите сочинуваат само три отсто од вкупната површина на Земјата. Се предвидува дека до 2035 година две третини од населението на планетата ќе живее во градовите. Ова само затоа што општиот тренд на глобалното затоплување е поврзан со јаглеродниот диоксид. Прв и основен проблем со климатските промени кои се резултат на претераната емисија на штетни гасови се болестите кај луѓето настанати како последица од невозможноста за адаптирање на организмот на тие промени. Регистрирано е зголемување на респираторните заболувања кај децата (особено во земјите или во регионите со развиена индустрија), како и зголемување на болестите на кардиоваскуларниот систем.
Џејмс Бурк, австралиски автор на документарниот филм “По затоплувањето”, во својот серијал прорекува еколошки војни и раселувања во овој век. На пример, поради подигањето на нивото на океанот Индонезија ќе биде потопена, па поради тоа нејзините жители ќе бидат принудени на бегство. Во слична ситуација ќе се најдат и Египет, Бангладеш и Флорида. Во долгорочна перспектива најактивни и најбарани места ќе станат Сибир и Северна Канада, кои ќе се претворат во она што денес е Панонија. Значи, луѓе на Земјата ќе има се повеќе, а територија за живот се помалку!
И Балканот на удар
Од последиците на климатските промени никој не може да избега. Загадувањето има непријатни особини да не познава закони и граници. Поединечните обиди нешто да се стори ќе останат бесцелни се додека најголемите држави загадувачи можноста за труење на милијарди жители ја гледаат како борба за зачувување на својата економија!
Сценариото за можните климатски промени кои се однесуваат на Балканот, а го објавија стручњаците од Програмата за заштита на животната средина при ОН, вели дека емисијата на јаглероден диоксид до 2030 години двојно ќе се зголеми. Средната годишна температура на воздухот ќе порасне од 0, 8 до 1,1 Целзиусов степен, а до 2050 година од 1,6 до 2,1 степен.
Сето ова значи дека сите земји на Блаканот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, ќе се соочат со огромни и катастрофални последици. Еве неколку од нив: поради зголемените температури ќе расте бројот на асматични заболувања, срцеви инфаркти, но во пораст ќе бидат и самоубиствата. Постепено ќе се намалува производството на храна, забележлив ќе биде падот во производството, зголемената невработеност и миграциите на населението. Во одредени области на Балканот во летниот период количествата вода ќе се намалат од 30 до 60 отсто, а поради сушните периоди ќе се намалат земјоделските приноси. Постепено ќе исчезнуваат живиот свет, а можна е и епидемија на маларија!

ФАО со проект за Северна Македонија

Проектот за климатски промени „Зголемена отпорност на земјоделскиот сектор преку промовирање на пaметни климатски практики во земјоделството” што беше промовиран неодамна, а во кој е вклучена и нашата земја, ќе трае 19 месеци и во неговата имплементација ќе бидат вклучени релевантни министерства, институции, владини агенции, земјоделски здруженија, академијата како и релевантни меѓународни партнери.
Земјоделството е особено чувствително на екстремни временски услови и катастрофи. Климатските промени предизвикуват големи штети на земјоделското производство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната. Особено ранливи на климатските промени се малите земјоделски стопанства поради нискиот капацитет за адаптација предизвикан од низа фактори меѓу кои ограничена едукација за влијанијата на климатските промени, недостаток на средства за тестирање и демонстрација на адаптивни земјоделски практики, недоволни системи за наводнување во однос на капацитетите и техниките за заштеда на вода.
„ Стратегијата ќе биде насочена кон дијагностицирање на проблемите и дефинирање на концепт на развој и одржливост на хидро мелиоративните системи во Република Северна Македонија во наредните 20 години, а ќе се утврди и потребата од инвестиции во постоечката инфраструктура, како и градење на нови системи согласно потребите на земјоделското производство. Во Проектот е предвидена поддршка со Управата за хидрометеорлошки работи, која имаше активно учество во претходниот проект, преку кој се поставија три автоматски агро-метеоролошки станици во земјоделските региони во државата и се изработи наменска веб страна agro meteo, “, вели минисерот Трајан Димковски.
ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред две недели го најавија и започнувањето на нов проект од програмата на ФАО за техничка соработка чија цел е да се зголеми отпорноста на земјоделскиот сектор преку зајакнување на координацијата и капацитетите на институционално ниво, како и преку промовирање на добри земјоделски практики за отпорност кон климатските промени за самите земјоделци.
Во рамки на новиот проект, ФАО ќе му помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да развие нова стратегија за наводнување. Дополнително, ќе се обезбеди техничка поддршка за унапредување на дел од активностите на Управата за хидрометеоролошки работи, подобрување на размената на климатски информации и нивната примена во земјоделството, како и поддршка за други политики како Методологија за штети и загуби во земјоделството како резултат на природни катастрофи. Она што е исто така важно е дека овој проект ќе пилотира нови, климатски паметни технологии на терен со цел да ја приближи нивната примена до земјоделците и другите засегнати страни.
Заменик - регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, истакна дека ФАО е долгогодишен партнер на македонската влада и дека овој проект е продолжение на претходни заеднички напори за подобрување на продуктивноста, конкурентноста и отпорноста на македонското земјоделство, меѓу кои зајакнување на системот за следење и рано предупредување за заштита од екстремни временски појави, развој на капацитетите на клучни институции од областа агрометерологија, контрола на штетници и болести кај растенијата и животните, мерки за адаптација на добитокот кон климатските промени, воспоставување агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем.

Благородна Абрашева Ноциќ

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë