
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Нови правила за движење на земјоделците
Нема да се издаваат дозволи за движење на земјоделци постари од 67 години

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а која што стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:
-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.
Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.
Исто така, од Министерството напоменуваат дека строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.

Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.
Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.
Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.
• Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.
• Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.
Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.
ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА Лице за контакт Телефон маил адреси
1 БЕРОВО Гоце Милошевски 072/204-514
2 БИТОЛА Методија Илиевски 070/373-554
3 БОГОВИЊЕ Басри Ферати
4 ВАЛАНДОВО Васко Камчев 071/388-743
5 ВЕВЧАНИ Татјана Дуцкиноска-Петреска
6 ВЕЛЕС Зоран Наковски 070/390-328
7 ВИНИЦА Зоран Соколов 071/367-258
8 ВРАПЧИШТЕ Гзим Хода
9 ГАЗИ БАБА Горан Поповски 070/389-456
10 ГЕВГЕЛИЈА Дејан Маркудов 070/410-947
11 ГОСТИВАР Али Елези
12 ДЕБАР Арбен Муладаути 071/367-459
13 ДЕЛЧЕВО Илче Каранфиловски 070/410-954
14 ДЕМ.ХИСАР Владимир Крстевски
15 КАВАДАРЦИ Митко Керов 070/410-962
16 КАРПОШ Сашо Леонидов 070/403-857
17 КИСЕЛА ВОДА Азим Исеин 078/210-781
18 КИЧЕВО Снежана Софрониевска 071/367-414
19 КОЧАНИ Горанче Миладинов 070/410-961
20 КРАТОВО Љубе Цветанов
21 КР.ПАЛАНКА Ивица Бојковски 070/410-433
22 КРУШЕВО Славица Стефановска 070/403-850
23 КУМАНОВО Насер Даути 070/403-849
24 МАК.БРОД Адријана Лаброска 070/403-846
25 НЕГОТИНО Сашко Минов 070/390-116
26 ОХРИД Сашо Сукловски 070/410-952
27 ПЕХЧЕВО Елеонора Димитров
28 ПРИЛЕП Зоран Пачешкоски 070/410-432
29 ПРОБИШТИП Кузев Дарко 070/410-435
30 РАДОВИШ Стојан Ангелов 070/410-948
31 РЕСЕН Игор Ивановски 070/390-128
32 СВ.НИКОЛЕ Дејан Гичев 070/390-184
33 СТРУГА Ариета Велиу 071/322-107
34 СТРУМИЦА Васил Коцев 070/410-431
35 ТЕТОВО Африм Сејрани 070/409-934
36 ЧАИР Младен Колариќ 070/403-859
37 ШТИП Павел Иванов 070/410-946
38 КРИВОГАШТАНИ Коста Дурланов 070/403-862
39 БРВЕНИЦА Африм Сејрани 070/409-934
40 РОСОМАН Зоранчо Шалев 070/403-852
МЗШВ
