
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Неповолна состојбата со пролетната сеидба и развојот на овошките
Во новата агрометеоролошка прогноза објавена денес се предвидува дека во наредните десетина дена ќе продолжи неповолната состојба со пролетната сеидба, а ниските утрински и дневни температури ќе го забават нормалниот развој на овошките

Променливото и врнежливо време продолжи и во текот на изминатиот период, што предизвика застој и прекинување на пролетната сеидба, едновремено и застој во развојот на овошките заради ниските утрински и дневни температури, се вели во последниот агрометеоролошки билтен.
Вредностите на минималните температури беа во границите на издржливост на овошките во овој период од развојот, но забележаните штети од измрзнувања се од предходниот период од почетокот на месецот.

Во текот на наредната седмица не очекуваат слични временски услови , со повремени врнежи и со температури околу 22оС, што, во голема мерка ќе ја продолжи неповолната состојба со пролетната сеидба,ниските утрински и дневни температури ќе го забават нормалниот развој на овошките, додека есенските посеви се можеби и единствените на кои им одговараат ваквите временски услови. Особено ваквото време е неповолно за пчеларството во овој период од развојот на пчелните семејства каде се потребни повисоки температури и суво време без врнежи.
Инаку во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и потопло.
Од почетокот на следната недела ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Б.А.Н.
