
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Свет
Недостигаат 215 милијарди евра за остварување на Зелениот план
Зелениот договор предвидува голем европски план за справување со климатските промени.

Европската Унија ќе претрпи најголеми промени во политиката од своето основање, при што речиси секој главен аспект на економијата треба да се преиспита во однос на климата и еколошката вонредна состојбаЦелите што треба да се достигнат до 2030 година се минимум 40% намалување на емисиите на стакленички гасови во споредба со нивото од 1990 година, учество на најмалку 32% обновливи извори на енергија во финалната потрошувачка на енергија и најмалку 32,5% во заштеда на енергија.

Според податоците на „Еуростат“, емисиите на стакленички гасови помеѓу 1990 и 2017 година се намалени за 22% во ЕУ. Во 2017 година, Германија беше земја со најголеми емисии (21%), а Малта има најмала (0,1%).
Европа ќе треба да насочи 1-2% од својот годишен БДП кон зелената економија, вклучително и нова инфраструктура, јавни набавки, истражување и развој и индустриска препродажба.
Комисијата на ЕУ проценува дека се потребни дополнителни инвестиции за да се постигне целта на ЕУ што се однесуваат на климатски промени. Се предлага да се издвојат 45 милијарди евра годишно за периодот 2021-2027 година. Но, бидејќи сумата не е доволна за да се постигне целта, сите се прашуваат кој ќе ја плати сметката. Недостигот од 215 милијарди евра ќе треба да го надоместат придонесите од домаќинствата, корпорациите и пред сè националните влади.
Б.А.Н.
