
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Свет
Недостаток од пченица на светските пазари, житариците стануваат „жолта нафта“
Пандемијата од корона вирусот предизвика потрес на светскиот пазар за пченица, пишува Jutarnji list, истакнувајќи дека стручњаците мислат дека би можела да се повтори кризата која доведе до Арапската пролет.

Додека светот во ова време на пандемија беше опседнат со кризата за нафта, пратејќи го секојдневниот пад на цената на енергенсите, некако неприметно светот го потресе и кризата на еден друг пазар – оној за житарици. Пченицата станува „жолта нафта“ и поважна од сите фосилни горива и деривати. Имено според податоците на Организациите на ОН за земјоделство, храна и здравство, таа криза како последица на корона вирусот би можела да доведе до глобален недостаток на пченица, а може да предизвика дури и глад и дестабилизација во многу земји и региони.

Некои аналитичари сметаат дека би можела да се повтори 2010 година кога поради сушата и слабата жетва кај некои водечки производители на житарици дојде до недостаток на жито во арапските земји.
Што всушност сега се случува на пазарот со пченица?
Русија како еден од најголемите светски производители и најголем светски извозник на житарици, го стопира извозот до почетокот на јули. Со тоа е предизвикана паника на пазарите кај главните увозници како што се Египет, Индонезија, Алжир, Мароко, Нигерија , а особено Турција кои веќе имааат проблем со залихите но и со купувањето на овој важен прехрамбен производ.
Инаку, на почетокотот на корона-кризата пред два месеци, покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи Србија и тамошните власти официјално се заложија да им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.
Српската Влада го дозволи извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија,, а од Одлуката за забрана е избришана ставката „брашно од пченица“, која се наоѓаше меѓу останатите 36 други ставки.
Извор: Јутарњи Лист
