VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

На повидок првата урбана градина во земјава!

Во паркот „Февруарски поход“ покрај реката Вардар во скопската населба Ново Лисиче познат и како Рајски парк, ќе се изгради зеленчукова градина каде што ќе се одгледуваат зачински билки и разни видови градинарски култури

На површина од околу 3.000 квадратни метри во Општина Аеродром, во август ќе почне изведбата на заедничка градина, каде жителите ќе работат како здружени градинари. Иако, проектот требало да заврши во јуни, поради состојбата со коронавирусот и вонредните мерки за заштита, работите околу изградбата се пролонгирани. Заедничката градина се изведува како дел од проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со пари обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром. Корисник на оваа урбана градина ќе биде локалното население, а проектот го реализира здружението на граѓани „Зелената арка“, кое за таа цел склучи договор со Градот.
Како што објаснуваат надлежните од Општината, половина од планираната површина односно 1.500 квадрати ќе бидат поделени на 30 парцели каде локалните градинари ќе одгледуваат земјоделски култури. Освен парцелите планирана е и мини стаклена градина, како и дел за компостирање.

Во оваа градина според планираното, ќе бидат опфатени автохтони лековити билки, ќе може да се произведуваат градинарски култури, органски зеленчук, овошје, зачински билки, цвеќе, повеќегодишни јадливи растенија, грмушести бобинки и овошни џуџести дрвја. Средишниот дел е предвиден и како простор за социјализација меѓу граѓаните и за одржување јавни настани поврзани со градинарството, но и обуки за љубопитните, информираат од Општината.
Исто така, забранета е употребата на вештачки ѓубрива и штетни синтетички хербициди, инсектициди, пестициди и фунгициди, а набраните плодови и зеленчуци од градината нема да се продаваат.

Сите учесници заеднички треба да ја одржуваат целокупната површина на градината, да се почитуваат, да соработуваат меѓусебно и да го одржуваат биодиверзитетот во почвениот екосистем, потенцираат и од здржението на граѓани „Зелената арка“, задолжено за реализација на проектот.
Покрај сите овие активности, планирано е и Градежниот институт Македонија да изведе бунар за експлоатација на подземна вода, лоциран во рамките на урбаната градина што ќе се користи за наводнување на изведените засадени површини. Исто така, Организацијата „Macedonian Honey“ ќе донира пчелини сандаци кои ќе бидат поставени на работ од паркот.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë