VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

На етикетите нема да стои маџун од Неготинско туку маџунот на Марија, Зоре…

Жените ќе можат да отвораат свој бизнис и домашните традиционални производи да ги продаваат со етикети на кои ќе стои која го произвела тој ајвар, маџун, слатко или џем. Така сега нема да стои маџун произведен од Неготинско туку маџунот на Марија, на Зоре...

Со грантот од 3.000 евра жените земјоделки ќе можат домашните традиционални производи да ги персонализираат и да ги продаваат во маркетите и рестораните низ државата. Тоа значи дека квалитетот и идентитетот на производот произведен од жените во руралните подрачја ќе дојде до израз. .И покрај тоа што овие пари не се многу, сепак се доволни за жените од овие средини да започнат сопствен бизнис и економски да се осамостојат од мажот. Досега за оваа мерка аплицирале 402 кандидатки, а пари можат да добијат само 100 од нив. За оваа мерка во Програмата за рурален развој се предвидени 3 милиони денари.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска вели дека на овој начин ќе се персонализираат домашните традиционални производи и ќе се знае кој го произведува тој производ. Така сега нема да стои маџун произведен од Неготинско , туку маџунот на Марија, на Зоре…Таа додава дека од овој крај најголем дел од жените аплицирале токму за маџун и за преработки од грозје.

-Овие пари не се многу, но се доволно но се поттикнувачки за развивање на претприемачките способности на руралните жени и нивно социо-економско јакнење. За овие пари руралните жени прво аплицираат со профактура за набавени репроматеријали, потоа Платежната агенција врши контрола дали се извршени тие набавки и на крај им ги враќаат парите. И покрај тоа што процедурата е малку сложена, бидејќи се работи за неповратни средства интересот е голем, вели Мојсовска.

Парите се наменети за инвестиции во преработка на примарните земјоделски производи, но и за набавка на опрема за постбербени активности на овошје и зеленчук, житарки, млечни производи, вино, маџун, опрема за ладење и замрзнување, конзервирање, сушење и етикетирање на производите.

-Со овие пари руралните жени можат да набават тегли, гајби, етикети, приколки, мини ладилници, апарати за преработка на млеко и правење на сирење. Производите кој ќе се добијат на ваков начин ќе можат да се продаваат во маркетите, по рестораните или директно од куќен праг, вели Мојсовска.

И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски смета дека парите не се многу, но се доволни за старт и за напуштање на стигмата дека имотот се дели само на мажите, а жената е таа која ќе работи и нема да биде платена за тоа.

Според официјалните податоци, во земјава има 170 илјади регистрирани земјоделци. Од нив 21 отсто се жени, од кои пак само 5 отсто се сопственици на имот и на земјиште.
извор:вечерпрес

А.Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë