VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Најавеното зголемување на температурите, опасност по безбедноста на храната

Најавата на метеоролозите за зголемување на температурите, го подигна алармот за заштита на луѓето од можно труење со храна. Високите температури претставуваат голем стрес за животните поради кои тие може да јадат помалку храна, имаат зголемена потреба за вода, а можно е и намалување на производството на млеко и слаб прираст.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните и сточарите за нужноста од преземање сет мерки за консумирање на безбедна храна и за заштита на животните и домашните миленици од високите температури.
Одговорните од оваа институција потенцираат дека треба да се направи правилен избор, набавка и транспорт на продуктите, храна да се купува од одобрени оператори, да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и нејзино соодветно чување, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде производите се чуваат во разладни уреди. Да се избегнува купување и да не се користи храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), а оладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето. Месо, млеко и јајца да се купуваат на крај на пазарењето, а овие производи да се внимава не се чуваат долго време во автомобил и други транспортни средства каде температурите се многу високи.
Пред подготовка на храната добро да се измијат рацете, оладената храна да се чува на температура пониска од 5, а топлата храна на температура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. Ако по подготвувањето храната не се консумира веднаш, таа треба да се чува во фрижидер. Рацете често да се мијат и во текот на подготовката на храната. Во фрижидер на најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата.

Храната да се заштити од инсекти и глодари, но и од миленичињата и другите животни кои може да ја контаминираат.
Доколку решите да консумирате купена веќе подготвена храна или да јадете во угостителски објект, одберете места кои имаат добра репутација. Доколку сте купиле топла, оладена или замрзната храна, треба што побрзо да ја донесете дома и веднаш да ја ставите во ладилник или замрзнувач. Проверете дали лицето кое послужува храна користи посебни штипки за различни видови храна, во објектите за брза храна, одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и сл.
Внимавајте и на здравјето на домашните животни и милениците бидејќи високите температури можат да бидат кобни за нив, ако животните се држат во несоодветни услови, во објекти каде има висок процент влага и недоволна вентилација, или ако се држат директно изложени на сонце. Треба да се води сметка и животните да не се изложуваат на напорната работа, или транспортот во услови на високи температури.

Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите се некои од симптомите по кои може да се препознае топлотниот удар кај животните. Во вакви услови неминовно е животното да се смести во ладовина или во разладена просторија и да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање или со прскање со умерено ладна вода, или пак со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, водејќи сметка ладењето на животното да не биде премногу брзо.
Животните кои се одгледуваат на фармите да се држат во проветрени простории (отворање на сите прозори и употреба на вентилација како и уреди за разладување), а треба да се внимава и на густината на населеноста на единките во објектите. Препорачливо е животните да се заштитат од директно изложување на сонце, односно да се чуваат под натстрешници, или во природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински, или вечерни часови, период во кој треба да се организира и нивниот транспорт.
Сопствениците на домашни миленици да не ги оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце, да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë