
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Начин на производство на шумски јагоди
Една од најквалитетните сорти на шумски јагоди е сортата Регина, која е со потекло од Алпите.

Култивираните шумски јагоди треба да се засадат најрано во почетокот на пролетта, а најдоцна до крајот на јуни или во рана есен, со цел приносите во првата година да бидаш што поголеми. Втората година на одгледување ќе донесе полн род. Потребно е да се придржуваме кон технологијата на производство и да се користат исклучиво испитани средства за заштита. Нередовното наводнување и ѓубрење ќе го намали родот како и кај секоја друга култура. За добивање повисоки приноси препорачливо е да се постави 35—40% мрежа за засенчување, за насадот да биде под сенка. Мрежата ќе го намали сончевото зрачење и ќе ја намали температурата за 5-6 степени, а со тоа приносите се зголемуваат за 30-50% исто така со употребата на мрежа и со засенчувањето ќе се елиминира сушењето на садниците.
Најповолни услови за одгледување на култивирани шумски јагоди се ридско-планински предели преку 500m надморска височина, бидејќи при одгледување на култивирана шумска јагода на надморска височина под 300m се појавуваат вируси и инсекти кои се хранат од сокот од садниците. Култивираните шумски јагоди не е препорачливо да се одгледуваат во пластеници поради големиот број на штетници и вируси кои може да се појават.

Почвата треба да биде благо-кисела (5-6,5pH), плодни, растресите, пропустлива, а како преткултура најдобра е ливада или детелина. Пред да се ора, потребно е да се нанесе прегорено арско ѓубриво, потоа еднаш да се фрезира и површината треба да се испрска со раствор од 25л вода, 100гр. бор (органски инсектицид). Потоа површината се фрезира уште еднаш и се формираат фолии, се поставува систем за наводнување капка по капка и фолија преку земјиштето. Фолијата е потребно да има отвори околу 70mm. Најважно е садниците да не се затрупаат длабоко, односно вратот на коренот да остане над земјата. Потоа потребно е да се изврши фолијарна прихрана, која се врши 1-2 пати неделно.
Берба и складирање
Бербата на добро зрелите и квалитетни плодови се врши секои 3-5 дена во пластична гајба. Плодовите веднаш по собирањето со гајбата се ставаат во замрзнувач кој е наменет исклучиво за длабоко замрзнување на шумски јагоди. После 24 часа, замрзнатите плодови внимателно се ставаат во пластична кутија и повторно се враќа во замрзнувач за откуп.
А. Г.
