
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Народна медицина: црн слез совршен лек!
Постојат мноштво билки за кои се верува дека имаат лековити својства и активно се користат во народната медицина. Една од нив, од која за медицински цели се користат буквално сите делови од коренот до цветовите, е црниот слез

Раната пролет е време кога низ ливадите, пасиштата но и парковите во урбаните средини, ќе почне да цвета црниот слез. Лисјата може да се берат веднаш, а цветовите во касната пролет. Капсулите со семчиња треба да се берат на почетокот на летото, а коренот може во секое време. Црниот слез содржи витамини А,Б,Ц,Е, инулин, калциум, магнезиум, цинк, селен и калиум. Ова растение е одлично при лечење на сите видови воспалителни процеси, особено на цревниот и уринарниот тракт, но и кај дишните органи.
Чајот од лисјата на оваа билка е богат со железо и е препорачлив за оние кои патат од анемија. Листовите и цветотите обично се сушат и се консумираат како чај.

Користење во народната медицина
Се користи како чај при воспаление на слузницата на внатрешните органи.делотворен е при гастритис, воспаление на бешиката, желудечно-цревниот канал, усната шуплина, како и кај чир на желудец, и црева. Во овој случај од листовите на црниот слез и јачмен се подготвува чорба, така што јачменот прво се вари се изладува, а дури потоа се додаваат листовите од слез.
Голем број билки од семејството на слезови се јадат и свежи. Креативните готвачи користат листови од црн слез наместо спанаќ во многу јадења и салати. Одлични се и кај подготовка на супи и тестенини. Цветот е одличен за грицкање ако само на неколку секунди се пропржи на врело масло.
Некои земји како Израел и Кина редовно го користат во исхраната. Израелците на денот на независноста подготвуваат јадења со црн слез, а во Кина од коренот на оваа билка се прават одлични супи, бујони и чорби.
Чорбите од црн слез се одобено препорачливи кај оние со тегобите на дишните патишта, бронхитис, воспаленитео на крајниците, ларингитис, но и кај емфиземата.
Начини на подготвување на црниот слез
Чај: полна лажица сушени листови од слез се оставаат да отстојат во чаша вода преку ноќ. Наутро може да се загрее и да се консумира.
Купка за раце и нозе: неколку лажици црн слез се ставаат да отстојат преку ноќ во 5 литри вода. Рацете и нозете при болки во зглобовите се држат дваесетина минути во загреаната купка.
Облоги: билните остатоци (талог) од подготвувањето на чај малку се загрева во вода и се меша со брашно од јачмен. Овој мелем се става на памучна ткаенина и уште додека е топол се користи како облога на воспаленото место. Најчесто се применува при тегоби со дишните патишта.
Б.А.Н.
