VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Министерот Димковски во посета на Росоман каде непречено се одвива откупот на праски

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев беа во посета на откупните пунктови на праски во Росоман.

Овој регион важи за најголем производител на праски во нашата држава. Во моментов во тек е откупот на росоманските праски кои оваа година, благодарение на поволните климатски услови, постигнаа висок квалитет. Тоа придонесе росоманските праски оваа година да достигнат повисока откупна цена и се откупуваат за 28-30 денари по килограм. Најголем дел од праските се извезуваат на европските пазари, дел оди во поранешните југословенски републики и дел останува за домашниот пазар. Сите откупни центри се отворени, полни со росоманска праска и откупот тече непречено.

Сите учесници во процесот на откупување на праски, максимално ги почитуваат препораките на Владата, а доказ за тоа е посебната организација на работниот простор во откупните магацини, каде сите вработени се на соодветно растојание и целокупниот процес е приспособен на новите услови предизвикани од Ковид - 19. И покрај глобалната криза, праските постигнаа висока откупна цена, земјоделците се задоволни и откупот на сите пунктови се одвива со добра динамика и без никакви проблеми.

Министерот Димковски им порача на откупувачите и производителите на праски, дека треба постојано да бидат во добра комуникација, да нема манипулации со откупната цена и дека само така ќе остварат добри партнерски односи кои носат успех и резултати за сите учесници во процесот на производство и откуп.


Исто така, во текот на денешниот ден, министерот Димковски го посети и Трстеник. Овој регион, неодамна беше погоден од временска непогода-град и беше нанесена штета на овошните и лозови насади.


И покрај тоа што штетите се на мали површини, оваа Влада преку локалната самоуправа формираше комисии кои се веќе на терен и ги лоцираат и утврдуваат истите и врз основа на тоа ќе бидат исплатени штетите на индивидуалните сопственици, од страна на владината комисија за штети.

Оваа Влада и МЗШВ како ресорно министерство, се во постојана комуникација со земјоделците и секогаш будно се следи состојбата на терен, се со цел заеднички да се надминат сите проблеми, особено во целиов изминат период кој го обележа корона кризата која предизвика нарушување на пазарот на земјоделски производи и кој заеднички успеавме успешно да го менаџираме.

А. Г.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë