VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Македонија

Македонски вина промовирани во Швајцарија

Промоцијата, што се одржа на почетокот од оваа недела во Цирих, е дел од редицата промотивни настани за градење препознатливост на македонските вина на итернационалните пазари

Седум македонски винарници Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит заеднички ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници, претставници на угостителски објекти и други професионални купувачи на вино на швајцарскиот пазар.
При претставувањето на македонските вина посебен акцент бил ставен на сортата вранец, како најзначаен претставник на македонските вина, а биле организирани и дегустации за вранец, кои ги водел реномираниот вински сомелиер и вински новинар Карстен Фус соопштија од Здружението „Вина од Македонија” кои го организираа настанот со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Проектот за зголемување на пазарната вработливост, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од Паладиум.

Покрај промотивниот настан ќе се реализираат и поинакви форми на претставување. Во почетокот на 2020 година ќе биде објавена статија со репортажа од македонските вински региони во најпознатиот швајцарски вински магазин „Винум”.
Швајцарија се наоѓа на деветто место на листата топ 10 најголеми увозници на вино во светот и опфаќа 3,2 проценти од вкупниот увоз на вино во светот со вредност од 1,2 милјарди американски долари. Оттаму, потенцираат од „Вина од Македонија”, се оценува дека швајцарскиот пазар има голем потенцијал за македонското вино. Извозот на македонските винарници на овој пазар забележува раст од 15 проценти во количина. Истовремено, според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ од пет евра за 0,75 литри.
Овој месец следуваат промотивни настани на македонско вино и во Азија, каде македонските винарници со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на руралиот развој за 2019 година ќе имаат можност да се претстават на пазарите во Сингапур и Кина.

Целта на овие промотивни настани е градење препознатливост на македонското вино и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери со цел да се зголеми извозот на македонското вино на интернационалните пазари. Токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати и во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино- наведуваат од Здружението „Вина од Македонија”.

Б.А.Н.

VITA BRE

nga

RIJENI

(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)

+38975421259

Rreth Nesh

Tregu i Gjelbër Kibernetik (CGM) është një Platformë Ueb që promovon eksportin dhe shitjen me shumicë të produkteve bujqësore, frutave të pyllit dhe produkteve të tyre dytësore nga Gadishulli Ballkanik.

Shitje me pakicë

Në pjesën e shitjes me pakicë mund të gjeni gjithashtu makina, mjete shtëpie dhe kopshtesh, uniforma pune dhe gjithçka që ju nevojitet për punën tuaj në fermë. Të gjitha këto mund t’i porosisni nga shitësit tanë tashmë të verifikuar nga dyqanet më të mëdha online në botë.

© 2019 Elektronski Zelen Pazar LLC Resnjë

CGM Ali

A doni të shisni produktet tuaja në Alibaba, por nuk doni të paguani 4,999 dollarë në vit për një llogari premium të Alibaba? Bëni kërkesë për një llogari "CGM Ali" këtu, zgjidhni një nga planet tona dhe për vetëm 199 $ në vit filloni shitjen në Alibaba tani!