
VITA BRE
nga
RIJENI
(përpunimi i frutave dhe perimeve, prodhimi i koncentrateve, pureve dhe kubeve të mollëve të ngrira)
+38975421259
Македонија
Лозарите добија субвенции од 583 милиони денари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 лозари им исплати 582.841.911,00 милиони денари..

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 15.784 лозари им исплати 582.841.911,00 милиони денари..
Станува збор за исплата по мерката 1.11 Директни плаќања за оддржување на лозови насади. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава.

Исплатата на овие средства се однесува за сите одгледувачи на лозови насади кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува, велат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта.
Б.А.Н.
